|

Брнз: Да се овозможи на младите да останат во државата и да се вклучат во економското опоравување

Големите компании маневрираат низ лавиринтите на бирократијата и инвестираат во Северна Македонија, но малите се соочуваат со предизвици на пазарот. Треба да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции, рече амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Брнз, која учествуваше на првиот панел од конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид”, истакна дека ова не се однесувае само на нашата земја, туку и на регионот.

Според амбасадорката, и во услови на пандемија македонската економија покажа дека може да се адаптира и да успее. Многу компании ги проширија своите капацитети и одлучија, рече, да инвестираат тука.

-Автомото компании со над 10.000 работни места ги зголемија инвестициите во оваа земја, се прошируваат и производните капацитети во фабриките, се додаваат над 1.000 врабоптени. До 2020-ра и трговијата се проширува. КОВИД-от спречи лична размена, но технолошките компании што работат тука најдоа начин како да продолжат да работат, безбедно. Имаше и компании за доставување кои ги проширија своите листи на партнери, многу ресторани продолжија да функционираат, а прв пат во земјата се отворија и капацитети на фирми за онлајн услуги, нагласи Брнз.

Таа ја пофали Владата, посочувајќи дека брзо имплементирала мерки со кои се заштитија работните места. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави