| |

Перев: Бугарската политика во однос на РС Македонија претрпе остар пресврт непознат од 1934 година- во Скопје тоа се чувствува како пороен дожд

„Го прифаќам ова признание кон мене, како признание кон сите, кои се бореле за бугарската кауза во Македонија. Кон сите оние кои го поминаа својот житејски пат во непрекината борба. Ги има знајни и незнајни. Но доволно е да го спомнеме името на незаборавниот Панде Ефтимов. Признанието кон мене е признание кон сите нив“, изјави Владимир Перев, по добивањето на „Почесниот знак“ на Македонскиот научен институт, признание за неговата дејност во заштитата на бугарската идеја во Македонија.

Во своето излагање Перев истакна дека бугарската државна политика претрпела сериозна промена во однос на РС Македонија, нешто непознато од времето на инспирираниот од Москва преврт од 1934 година против дворецот и ВМРО.

„Со доаѓањето на власт на претседателот Румен Радев, на владата на Бојко Борисов, на министерките за надворешни работи Екатерина Захариева и Теодора Генчовска, како и министерската функција на Красимир Каракачанов, бугарската политика направи голем пресврт и свртување кон заштитата на правата на македонските Бугари, во политичка, човечка и историска смисла“, изјави Перев.

„Во моментот и покрај нестабилниот период, Владата и самиот Радев се покажаа како најдоследни заштитници на нашите права. Таа појава не е позната уште од времето на инструираниот од Москва државен преврт од 1934 година кој беше насочен против дворецот и ВМРО.“

Перев ја спореди активната бугарска политика кон РС Македонија со пороен дожд.
„Ги спомнав Захариева и Генчовска, но не се само тие. Денеска во РС Македонија се чувствува како пороен дожд активната политика на Министерството за надворешни работи, клубовите на македонските Бугари и сајтот Трибуна кои се триумфот на бугарската дипломатија. Овде треба да се спомнат и сите оние, кои земаа учество во изборите за бугарските институции во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Струмица и на други места“, изјави Перев.

Во своето излагање Владимир Перев им се заблагодари и на сите медиуми од Бугарија како БГНЕС, Фактор, БНТ, за нивната поддршка и сите останати за нивната поддршка кон македонските Бугари. Тој не го заборави и бугарскиот филантроп Милен Врабевски, кој исто така помага на организациите на македонските Бугари во РС Македонија.

„Д-р Милен Врабевски е појава, но каде се тука големите бугарски банки и компании, каде е Лукоил, ЦКБ банка, Уни Банка и ред други институции кои се поврзани со РС Македонија и се активни таму. Некои од нив дури работат против нас“, изјави Перев.

Во однос на тоа каков треба да биде ставот на македонските Бугари, во однос на политичките случувања во Бугарија, Перев е дециден : „Ние македонските Бугари треба да внимаваме и не треба да го даваме своето мислење за работата на политичките партии во Бугарија. Треба да имаме добра соработка со сите а нашиот критериум да биде нивниот однос кон македонското прашање“, вели Перев.

Во својот говор Перев го цитираше својот пријател и колега бугарскиот новинар Иво Иванов, кој ја дал конструктивната идеја за создавање на македонски комитети на територијата на Република Бугарија. Според Иванов тие клубови треба да бидат непартиски, да водат активна политика во однос на Бугарите во РС Македонија, да бидат коректив на бугарската политика во однос на РС Македонија и да бидат место каде што можат да учествуваат членови на различни партии и организации.

Слични Објави