| |

Д-р Врабевски: Не очекувам ништо, кога инвестирам во младите луѓе од РС Македонија, инвестирам и во деца од Бугарија, сметам дека сме исти луѓе

Познатиот бугарски бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски преку социјалната мрежа Facebook упати порака до јавноста поврзана со неговите активности на полето на добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Пораката на д-р Врабевски објавена на фејсбук страната на Фондација „Бугарска памет“.

„Не очекувам ништо, кога инвестирам во младите луѓе во РС Македонија-ниту благодарност, ниту тие да се чувствуваат или самоопределуваат на некаков посебен начин. За мене е важно да покажам дека, ако инвестирам во бугарските деца, инвестирам и во децата од другата страна на границата, бидејќи сметам дека сме исти луѓе“, порача д-р Врабевски.

Потсетуваме дека д-р Врабевски и неговата Фондација „Бугарска памет“ ја започнаа иницијативата „Од двете страни на границата“, која има за цел да го насочи вниманието на јавноста кон потребата од правилна и посветена државна политика во насока на добрососедството и пријателството меѓу Бугарија и РС Македонија. За да се покаже дека одамна е дојдено времето за дипломатија, сплотеност и пријателство меѓу братските земји, заради светлата иднина на младата генерација и заради заедничката историја, корени и култура.

Слични Објави