ДИМИТРОВСКИ: ФАКТ Е ДЕКА ПРОДОЛЖУВА ОДРЕДЕНА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА
„Во ова општество и претходно во Југославија, додека била нашата држава, тоа продолжило и за време на социјализмот, факт е дека имало, дека постоела одредена анти-бугарска реторика. Веројатно таа анти-бугарска реторика била предизвикана од ставовите на Бугарија и од Втората светска војна, дека продолжува одредена омраза, „Бугари-Татари итн“. Тоа треба да се исправи, ако стои во официјални книги и учебници. Мораме да се почитуваме меѓу себе, не можеме да омаловажуваме некого според неговата национална, етничка или онака како што се определува“, изјави Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
