Последниот атентатор (7)
Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев.
Си велам сега каде ќе одам. Премногу беше опасно. Ајде си велам ќе одам кај еден многу добар пријател, по потекло од Грчиште, гевгелиско. Тој избегал од Македонија во 1915 г. отворил продавница, но имаше и фабрика каде се правеа салами и други деликатеси. Беше богат човек. Неговиот син Глигор имаше продавница каде тие производи се продаваа. Тие живееа на крајот на градот, во стариот дел близу до гората. Имаа двокатна куќа, ама се со тараби оградена. Влегов полека и дојдов до неговата градина. Но, гледам електричната ламба свети. Не можам да дојдам до таму затоа што ќе ме види некој. Затоа во темнината, полека полека откорнав две тараби и дојдов до вратата. Тропнав и излезе мајка му, исплашена. Прашав Глигор дома е? Вели дома е Крсте, ама те молам не го закачај. Едно дете ми е тој на мене. Многу е страшно положението. Почна да рони солзи, и да ме моли да не го закачам. Се вратив и излегов на западната страна на градот. Си велам сега ќе ја минам селската воденица и има едно мовченце кое е само за пешаци, тесно ама долго 200-300 метра. Главните мостови ги чуваат војници и полицајци. Одам низ мовчето и гледам тројца како стојат на крајот. Си велам мора да минам. Кога стигнав поблизу дојде еден полицаец и ми вели “Што бараш? . Бев решен да го убијам. Од поблизу гледам дека е наш човек, богданчанец. Голема среќа . На еден наш војвода Гонев Ванче од Богданци, син. Тој бил комита. Имаше четири синови. Сите одбор јунаци. Еден се викаше Пешо, друг Спасо, Ване. Живееја во Симитли, освен Ване кој живееше во Северна Бугарија. А овој полицаецот се вика Митко. Кога ме виде ме праша што барам овде. Ти знаеш ли какво е положението. Му велам знам, ама морам да исполнам задача. Му велам дека ме прати Жоро Настев од Централниот комитет , и треба да предадам некои писма. Пушти ме да стигнам до градската градина . Ништо друго не сакам. Кажи им на овие со тебе дека сум ваш агент, да не ме сопрат случајно. Тој отиде до војниците и им рече “Наш човек е, наш агент”. Поминав. И низ темните улички излегов на плоштад “Македонија” , ама таму каде што требаше да отидам светеа ламби. Си велам што сака нека биде. Ако веднаш ги предедам ќе имам спас, а ако ме видат , бидејќи плоштадот има луѓе. Притиснав на звончето. Отвори жена му. Велам д-р Гаџев.? Одговори не е тука замина за Софија. Велам Жоро Настев ми даде едни писма кои треба да му ги предадам на него. Вели Добро дај ми ги, јас ќе му ги дадам. Таа ги стави во деколтето. Сега јас треба да ја поминам таа улица што оди за Софија и да поминам покрај баните. На паните покрај зидот потпрени двајца, тојца луѓе и си зборуваат нешто. Не ги познавам. Јас го држам пиштолот, ама сокриен во џебот. Додека да го минам патот за Софија ќе влезем на минералните бањи и нив ќе ги одминам и зад аптеката има една темна улица. Си велам само да влезам во темната уличка и не се плашам. Арно ама кога ги сретнав тие луѓе Стефан Петков, на мене ми беше познат. Во тоа време тој беше агент на полицијата. Тој веднаш почна да вика: “Ја бе, еве еден комитаџија, држете го!” Арно ама јас го имав пиштолот в раце, а тие ги немаа извадено нивните. Одма им викнав: “Не мрдај. На зидот. “И ја фатив таа темната улица. Трчаа по мене но веќе беше касно. Ја пресеков реката Бистрица, потоа на баирот, и по реката на исток ја минав блокадата. Се погоди едно жито и се погоди еден трап, дал бог можеби имаше два метра и рипнав во него. Како не си ги искршив нозете не знам. Низ него трчаа војници и викаа “Избега, пичката му мајчина”. Го поминав Делвино и Росиново, и кога излегов на Рила планина гледам мојата пелерина, ранец и пушка висат, а човек нема. Огинот уште не беше изгаснат, имаше сеуште жар. Си велам пак останав сам. Ги зедов пушката и ранецот и пак отидов во колибата што ја правев и се прашувам -зошто не ме чекаа? Ама размислив дека и не е баш за чекање. Можат да ме фатат. И така уште два дена бев сам. Едно време лежам во таа колибата и слушам звук. Црна темница, ништо не се гледа. На зракот, на билото, гледам коњ на кој има качен човек. Ја дигам пушката и гледам со коњот одат уште врват седум осум луѓе. Не можат да се препознаат никој ништо не зборува. Одам така до коњот, и јас одам со нив, но не можам да ги распознаам кои се. Многу е темница. ” Не тие е страм” го познав гласот на Јован Ѓузлиев. Тој исто така е од организацијата. Мој другар. Роден е во Горни Порој, а живееше во Благоевград.
Тие имале со себе малку леб, ама Миро, исто така мој другар му откраднал од раницата, па затоа овој му вели -нели ти е страм. Јас ги препознав кои се. Им велам- има дваесет минути како одам по вас. Какви комити сте вие. Ако сакав сите ќе ве утепав. Сите застанаа и се завртеа. Ме прашаа Кој си ти? Велам Крсте Петрушев. Миро ме прегрна. Му кажувам како беше и дека сум сам, а водачот на таа група е Гошо Немањски од Неманци, постар човек. Прашувам за човекот на коњот. Тие ми велат дека тоа е Симеон Кавракиров, кој е арестант-затвореник на организацијата. И тој ми вели дека трганале оти им кажеле дека Жоро Настев дошол и го бараме за да прашаме што да правиме со арестантот. Јас му велам дека бев кај Жоро Настев, но дека и мене ме остави сам. Тогаш тој рече дека треба да е на чарковите на Семково. Таму отидовме. Снег врне и дојдовме близу два три километри од првите чаркови. Сега вели ние тука ќе останеме, а вие двајцата ќе одите да видите дали е таму Жоро Настев, ако е таму еден од вас двајца треба да дојде и да ни каже. Ние останавме со Кавракиров и другите другари и чекаме. Едно време јас се разбудив и прашувам дали се вратија Симо и Чуникот. Абе не се, вели . Велам лоша е тоа работа. Треба да се поместиме од ова место и треба да одиме на друго, а во близина ќе оставиме еден човек да ја следи ситуацијата. Арно ама мене не ме сфатија сериозно, тие не биле нелегални борци како мене. Ми велат, сега ќе дојдат тие двајца. Се задржале зошто сигурно ги распрашува Жоро Настев за ситуацијата, а и се виделе и со некои свои другари и пријатели. Велам, Бај Гошо грешиш треба да се поместиме, јас како да сум знаел што ќе стане.
Кога мракот се симнал, нив војската ги фатила. Тоа е неопитна работа, не е секој надарен да биде комите. Ги задржале и ги испратиле за Разлог. Војската нас не опколева, од западната страна. Во тоа време имаше еден Јорданчо, оди по нужда и така се спасува, бидејќи во истиот момент војската без предупредување нас не напаѓа и почнаа да пукаат веднаш. Таму паднаа Дончо и уште еден многу добар комита. Дојде еден војник и мене ме прашува: Тоа ли е Жоро Настев и со пушката го утепа водачот на групата Гошо Немањски. Тоа беше чисто убиство, акт без никаква потреба. Јас се згрозив, зошто во ВМРО таквите работи беа забранети и најстрого се казнуваа. Подоцна разбрав дека тоа бил војник близок до комунистите, со нивна идеја.Значи, таму паѓа Дончо наш другар, Гошо Немањски водачот на групата, и Симеон Кавракиров кој станува станува жртва на општата пукотница од страна на војската. Никој од нас не пукна, бидејќи најстрого ни беше забрането да пукаме на војниците. Имавме наредба да се предадеме и да не пукаме. Тоа беше наредба на Жоро Настев и ние сите ја почитувавме.
Вистинска реткост е денес да се сретне човек кој бил жив свидетел на собитијата околу судбината на Симеон Кавракиров. Осегашната историографија најчесто за него говореше и пишуваше како за жртва на политиката на ВМРО, но сето тоа некако млако и срамежливо. Заради тоа тој е релативно непознат за јавноста. Но корените на оваа состојба се наоѓаат некаде подалеку од Пирин, дури во Москва, во просториите на Коминтерната. Имено, по тешки и бурни заседаноја во течение од две седмици, Коминтерната на 13 февруари 1934 година донесува резолуција за постоењето на македонската нација. На овој чин присуствуваат повекето членови на Коминтерната од Југославија, Грција и Бугарија, кои се наоѓаат во тој период во Москва а со заседанието претседава генералниот секретар Мануилски. Резолуцијата треба да биде доставена до базите на Коминтерна во Југославија, Бугарија и Грција и за таа цел се издава наредба да се д…
Останавме живи Јован Ѓузлиев, јас и Миро Попѓорѓев. Не врзаа едни за други тројцата и со војската не однесоа во Разлог. Не ставија во една соба, само да стоиме во ќошевите. Не распрашуваа. Некој изгледа од тие моите другари ме издал дека Жоро Настев сум бил јас. Потоа ве викнаа и мене да ме распрашуваат. И еден капетан Иванов, а до него началникот на полицијатата на Разлог ме распрашуваат: “Каде е Жоро Настев?” Велам, јас не го познавам. Како- ме прашуваат- не го познаваш, кога си бил кај него? Значи некој ме издал. Велам тоа е лага. И тогаш ме удри со парабелот во челото и ми остави белег до сега. Тогаш срипа началникот на полицијата и му вели -Иванов што правиш? Тоа не е распит? Работата малку се смири.
Утредента уште со неколкумина врзани еден за друг тројцата не однесоа од Разлог за Горна Џумаја.
Не ставија во една соба под стража, во просториите на 14-ти македонски полк. Бевме под стража а имаше и многу други уапсени. Во посета ми дојдоа некои мои не роднини, туку пријатели, меѓу кои Кирацата и мојата девојка Магда. Магда е на Гоце Делчев внука, која живееше во Благоевград каде и се запознавме. Од неа многу сум задоволен и никогаш нема да ја заборавам затоа што од градски живот дојде да живеесо мене во село. Таа се научи да жнее, да копа, односно се привикна на селскиот живот , и притоа ниту еднаш не праша- каде ме донесе? Затоа не можам да ја заборавам. Беше многу добра и културна жена.
Некои пријатели од војската и соопштија дека го испитувале Божин, Трајков. Јас бев малку прочуен, бидејќи јас бев да се тепам само за внатрешни, а не и за маката моја и имав големо уважение од страна на левичарите, особено Никола Вапцаров, бидејќи во тоа време кога јас бев слободен имав љубовница во Бараково, а тоа е шест километри северно од Благоевград до реката Рила. манастирската река. Таму има еден мост половината е црн а другата половина бел. Значи таму беше границата за време турско. Црниот дел бил Горна Џумаја тој бил турски, а на север, белата боја, слободна Бугарија. Се запознав таму со Никола Вапцаров кој живееше во Бараково. Јас таму имав љубовница и секој два- три дена одев. За животот пак во српска Македонија Никола Вапцаров многу се интересираше. Ме запознаваше бидејќи беше постар пет години од мене и ми велеше дека тука има разни струи. Не ми кажуваше какви, но ми кажа дека има секој ден убиства. Јас знаев за тоа бидејќи се тепаа протуѓеристи, комунисти. Ми укажуваше на тоа да не земам никакво учество во тоа . Ти си ми вели добро момче и ако сакаш да останеш верен на организацијата биди кандидат за внатрешноста, тука не ти треба учество. Тој стекна толку многу поверение во мене и гледаше да не земам никакво учество во внатрешните убиства, дури ме запозна и со еден друг покрет. за таа Балканска федерација на Димитар Влахов. Бил во Виена со Тодор Паница. Ми кажа дека Паница формирал една друга ВМРО-Обединета. И сега кога слушам овие нашите ВМРО-Народна, ВМРО-Вистинска, ВМРО-Гоцева, ми текнува на почетокот на ВМРО-Обединета, и си велам тоа ВМРО било голем таксират, го расчеречија. Нечесни луѓе во ВМРО не се ставаат. Требаат чесни луѓе.
Во Бараково одев на секои три четири дена за да се видам со љубовницата. Се викаше Ратка, може да е сега умрена, да и е лека земјата, која имаше една другарка која многу ме сакаше и сакаше да ме преземе, ама јас несакав многу да се лакомам. Сакав да сум чесен. Никола Вапцаров ми даде многу добри упатства во животот, ама ме запозна и со многу работи и за социјалистичкото движење. Дека ќе има некаква рамноправност, а јас потекнувам од многу сиромашно семејство, иако не сме биле секогаш сиромашни. Сме имале големо богатство, ама србите во земјата не направија за никаде. И мене ме повикаа но, не смееш да ја изневериш организацијата. Си дал заклетва, не сакав да ја погазам. Тој човек стекна големо поверење во мене, а јас не се трудев да бидам издајник. Ми даде да читам еден весник Балканска федерација, и токму затоа тоа движење било крстено во федералисти. Јас малку се оградив од него, но сепак го засакав како чесен човек. Имаше една фабрика што се викаше Балабановата фабрика, каде тој работеше како машинист. Имаше и многу другари кои ги имаа истите идеи. Многу пати сум сликан со нив, но неможам да ги препознаам. Секој пат кога ќе дојдев од Бараково ме викаа да ме распрашуваат за животот во српска Македонија. Многу се интересираа. Еден ден ми кажа дека татко му исчезнал. Прашав како може човек да исчезне така, безследно. Ми рече дека го фатиле. Не сакаше да каже дека е организацијата. Не знаеме дали е жив?
Не чуваа два три дена и мене ме однесоа во Ловеч. Таму се собраа педесетина луѓе во една стара касарната оградена со висока мрежа
Од сите страни тече вода и еден кревет ставиле. Јас нервозен. До мене се погоди Мирчо . Дебел со голем стомак и низок. Не можев да спијам од него. Многу рчеше. Ќе почнев да шетам. Најдов едно ќесе сол. Седам на креветот и кога тој ќе започнеше да се дува и да рче, ќе му ја насолев устата и ќе се свестеше. По некое време повторно ќе заспиеше.
Топуков беше журналист на весникот Македонија. Тој беше од Кратово. Сите други спијат, а тој си чита книга. Сабајлето Мирчо веднаш трчаше да пие вода. Не можеше да сфати зошто пие вода. Тој го сретнал Топуков и тој му рекол прашај го Крсто зошто пиеш вода. Ако не престанеш да рикаш ќе те отрујат со сол. Вториот ден тој отиде во едно ќоше далеку од мене.
Во Ловеч по барање на граѓаните ни беше, во неколку наврати, приредена посета со јадење и пиење на општината. Војската не пушти никого, туку преку оградата ни даваа јадење. Граѓанството се покажа многу добро кон нас. Еден -два пати во месецот не носеа на реката. Се бањавме таму. Во логорот во Ловеч минав 11 месеци. На крај останавме околу 12 или 13 луѓе бидејќи сите други ги пуштија. Имаа свои блиски, односно имаа интервенции. За мене и за Миро немаше кој да се загрижи. По едно време дојдоа двајца полицајци и прашаа -кој е Крсте Петрушев? Велам јас. Ајде земиси багажот. Таму имаше ден бизон го викавме. Му велам си одам. Ми вели многу здравје Крсто, се куртулиса. Ме земаа полицајците , но не ме ослободија. Туку ме однесоа во Софија. Ме однесоа во дирекцијата на полицијата, и таму ме заклучија. Утрото ме земаа да ме сослушат. Ми вели -како се викаш ? Војно лице капетан. Обвинител . Вика тука има едно обвинение против тебе. Го познаваш ли Јован Вапцаров. Велам не. Како не го познаваш што се правиш на Бај Гањо, вие македонците се така се преправате. Си го лишил од слобода човекот и не си го познавал. Од таму во централниот затвор во Софија. Таму добив обвинителен акт , односно дека сум го лишил од слобода Јован Вапцаров. Таткото на Никола Вапцаров. Тоа да ти биде оној кога сум бил во селото Дабрава каде седев една ноќ а таму тој бил оној големец на кому сите му правеле чест. Тоа бил Јован Вапцаров оној што рече дека такви момчиња, како мене, и се потребни на Македонија за нејзината слобода. Но, бидејќи сум бил таму и ме виделе и врз основа на тоа ме обвинуваат дека сум го лишил од слобода. Во затворот бев зимно време. Коските ми измрзнаа. Дојде 1935 година.
Ме однесоа во Благоевград. Таму се одржа судењето.
Продолжува…
