|

Последниот атентатор (5)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев.

Не фати матицата, силна вода. Јас почнав да се давамн. Борис исто така , а тие не можат да ни дадат помош. Другарите трчаат ама нема фајде. И една голема врба што ја поткопал брегот, паднала во Вардар и скоро се издолжила до половината од ширината на реката. Се доближив до неа, се фатив за една танка гранка, ама таа ми даде голема помош. И полека, полека дојдовме до поголемите гранки. Сега велам готово, инаку ќе се удавевме. Од врбата другарите ни подадоа раце не извлекоа, и се заврши. Таму најдовме еден бостан. Бевме жедни до смрт. Џигерите ни гореа за вода.И во тоа време слушаме нешто . Стојан вели, ова е некоја врска за Богданци, трчајте да го фатиме, ова е некој со коњ. Трчаме арно ама целото поле беше со пченка. Е, не се трча низ неа. Кога ќе се сопнеш од некој корен пет метри ќе одиш напред. Тоа е најлесна задача. Застани на крајот на патот.. само се дигни, коњот ќе се исплаши, а човекот ке падне. Арно ама ние додека да излеземе на патот, отиде коњаникот, не можевме да го фатиме. Нашиот план беше кога ќе го поминеме Вардар да фатиме право и да излеземе кај Николиќ поблиску, ама сега се откривме Стојан вели дека сега неможе така, затоа што ќе ни го попречат патот кон Бугарија. Затоа, кој го знае на грчката граница местото за премин кон Грција.. Ние го знаеме, јас го знам Борис го знае. Тука право на грчката граница, да влеземе во Грција. Тие таму не не бараа, а и сепак Грците се плашеа од нас. Така и отидовме на грчката граница и стигнавме до месноста Рудина. Таму не сопреа, и Ристо Петрев и вика застанавме кој е? Тука патролна служба. И ние сме патролно одделение. Дојдете ваму. И тие како овци идат. Мислат навистина. И кој е од вас во патролното одделение. Тука Бранковиќ и Стамковиќ . Дојдете ваму. Арно ама Стојан дали од нервоза дека е негов сограѓанин оти и од е од Стојаково исто така. Тој Стамковиќ бил всушност бил Ристо Стамков, негов соселанец но српски војвода на контрачета. А ти си тоа Станковиќу. И со пушката, оти тие се доближија до нас на пет, шест метра. Јас сум од десната страна на војводата Мандалов. Пушката не фаќа. Дождовите накиснале толку и таа не фаќа. Пак не фаќа. Трет куршум. Тие застанаа веќе не идат веќе. Слушаме, велат, легнете да не е ова Мандалов. Легнаа и отворија оган. Стојан уште ја чепка таа пушката. Последната пушка што ја пукнаа го удрија Стојан и само кажа Ох. На колена. Јас сум жив сведок зошто бев до него. Падна на колена и пушката измеѓу колената и се држи за пушката и ми вика на мене. Крсто предај да дојде Нишо. Јас на Ристо му велам предај да дојде Нишо. Иде Нишо од Серменин. Тој беше 42-три години. Пено и Нишо беа постари. Стојан беше 35-шест години. Дојде Нишо и вели што бе Стојане. Води ја четата во Бугарија. Многу здравје на децата и жената и со пиштолот… . Така остана само раката му се врати и пиштолот му падна од раката.Така и го оставивме. Тој не падна, остана така.Нишо даде заповед да се качиме на височината да заземеме позиција, ако не отријат. . Инаку убава месечина како ден, нема место да патуваме ќе не отепаат. Се качивме на височината и на окопите од првата светска војна фативме позиција. Не дека тоа е некое стратегиско место за да можеме да се спасиме. Ќе не обиколат. Не преставува место за да се спасиме. Ама важно можеме да се бориме. Зедоа потера светат со електрични фенерчиња. Ама Стојан Мандалов не е откриен. Дојоа до нас. И по едно време се даде команда” Натраг у кукуруз”. Тоа беше поле населено со пченка. Претрес на полето. Нас не оставија изолирани. …. контрачетата си замина, а два три камиони отидоа на границата. Што носеа, дали засилување или што незнам важно одеа на граница. Нишо вели ајде кој го знае сега тука теренот. Јас излегов напред, Борис по мене.

Ранетиот го носат другарите, а војводата? Го оставивме и уште 4.000 динари останаа со него. Тие беа пари за нас, да ни послужата за трошење, беа кај него … ама ги заборавивме. Парите му беа во џебот. Тој носеше српска воена униформа, на српска погранична војска. Ние сите другите бевме облечени во комитски алишта. Документи немаше за четата немавме никакви. Ние отидовме горе, него го оставивме, ама не можеа да го откријат. После дознавме дека дури утрината го откриле убиениот Стојан Мандалов.

Зборуваа како брат му Ѓорѓе го удрил со клоца ” Тука ли требаше да загинеш”. А некој српски потполковник рекол “Немој да дираш више. Овој човек е херој. Се борел за својот народ”.

Ние тргнавме накај грчката граница, арно ама од првата светска војна имаше многу телени мрежи. Сите телени мрежи во близина на планината и границата србите не даваат да се соберат. Нишо даде наредба да одиме таму, а границата е засилена и затоа ние треба да се пробиеме. Ќе фрлиме бомби . Кога бомбите ќе експлодираат ние треба да поминеме. Арно ама кога ние дојдовме близу до границата се заплеткавме во телните мрежи и неможевме да излеземе. Ноќно време, ние чекавме месечината да зајде. Се извлековме од мрежите, ама кога дојдовме до границата имаше обесено тенеќиња. Граничната мрежа беше висока метроипол а стражарите беа во граничниот пункт, се плашеа да излезат надвор. Ние ги гледавме однадвор како си седат.

Се исплашиле и седат мирни. Пушка не пукна. Животот мил. Кога ја минувавме мрежата да поминеме на грчка територија се слушнаа силни звуци од лименките обесени на мрежата. Се слушаше низ целата граница. Арно ама ние преминавме. Грците излегоа и нешто на грчки зборуваат и покажуваат на кај нас. Ние слободно си поминавме, пушка не пукна. Поминавме арно, ама изморени дојдовме во Бачковските планини. Само што се одморивме дојде една грчка војска да прави претрес на целата планина. Ние пред нив одиме, тие по нас.

Гледаме една река. Не река нема вода, туку дере од три метри како зидови. Во нив ископани дупки од првата светска војна. Дупка колку да собере еден-два човека. Видовме нема спас влеговме во дупката се маскиранвме зад дивите смокви. Војската замина, не остави нас. Се спасивме инаку ќе не истепаа таму. Вечерта во силен марш стигнавме на Круша планина. Таму денуваваме. Вечерта го минавме полето кое се наоѓа меѓу Круша планина и Беласица. Празен простор. Таму минува железницата .Тоа место има пет, шест, а можеби и десет километри. Од Беласица која е стрмна планина кога се тркалале камења останале големи крапи, меѓу нив капини, трња неможеш да поминеш. А се чудиме зошто не го обработуваат тоа поле. Грците таму на нас ни прават заседа. Се укрепуваат во карпите и кога заминавме ние слушаме нешто пир. . Што значи тоа не знам. И почнаа пушки да пукаат. Ние залегнавме лево десно. Ама со нас го носевме и ранетиот. Со Борис го ставивме во едни трња, капини… Го обиколивме местото, дадовме неколку плотуни, кога, избегале грците. Отидовне на исток. Се собираме и не можеме да го најдеме Фило. Не се гледа ништо. Тој не можеше да најде ни каменче за да ни даде знак . Го бараме неможеме да го најдеме. Едно време го најдовме во трњата. Го зедовме од таму. Ни умрен ни жив. Се качивме 50 метри нагоре и велиме нема мрдање, ако се качиме таму на голото ќе не утепаат. Кој каде залегна ама сенка од секаде, полно со лески и буки. Едно време една срничка скока околу нас. Пено вика ова е добар знак ќе си одиме во Бугарија. Срната избега. Утревечерта префрливме и дојдовме и гледаме неколку овчари. Не сме јаделе седум, осум дена. Донесоа малку леб и урда. Првиот залак што го зедов ми застана, ни нагоре ни надолу. Ќе умрам. Ме испрскаа другарите. Го исфрлив залакот, и се куртулив. Зедов малку воздух, ама целиот се тресев. Му наредија на еден да оди во селото Клуч да му каже на раководителот да дојде. Не поминаа еден, два часа, дојде тој човек и веднаш дојдоа од Петрич две коли. Го собраа оружјето. Не ставија нас во колите. Моите друолите. Моите другари за Ќустендил, а јас заминав за Благоевград, односно Горна Џумаја. А Фило? Фило го однесоа право во болница, и остана жив. Ама голем товар беше додека го донесовме.

Тоа е раскажувањето на Крсто Петрушев за еден од најзначајните настани во револуционерната 1933 година, настан кој беше одразен и опишан од речиси целиот светски печат. Нормално, органите на ВМРО спровеле истрага за настанот, како и за секој друг атентат каде паднале жртви од организацијата, но записките за ова се некаде длабоко во архивите, скриени и досега необјавени. Меѓутоа, во своите “Спомени“ во третиот том, Ванчо Михаилов, врз основа на своите сознанија и врз основа на доставените извештаи од истрагата, вака го опишува случајот: “На 23 септември станува голем атентат во Гевгелија. Во 8 часот вечерта сопственикот на кафеаната “Ослободување“, Костадин Гелебешевиќ, забележал до влезот во кафеаната некаков предмет кој му се сторил сомнителен. Го повикал стражарот Милојко Капларевиќ, кој се наоѓал наблизу и двајцата пришле кон сомнителниот пакет. Истовремено пеколен тресок го потресол подзаспиениот град. Се дигнал облак од прав; парчина камење, дрва, керамиди и тули се дигнале високо во воздухот. Ѕидот од кафеаната бил совршено разбиен а од посетителите во неа, петмина биле тешко ранети а сите други полесно. Кафеаната се претворила во рушевина. Кафеџијата и општинскиот стражар биле убиени на место. Многу тешко ранети се: Петар Цалковиќ, Петар Стануловиќ и Јован Аризановиќ. Градот замрзнал од страв. Коњанички и пешадиски полициски и воени одреди се впуштиле во гонидба на непознатиот и незабележан од никого атентатор. За само неколку минути во градот настапила гробна тишина и сите очекувале втора експлозија. Органите на власта забраниле секакво движење по улиците. Кафеаната “Ослоборување“ била свратилиште на најжестоките бугаројадци и спроводители на нечовечката политика на Жика Лазиќ.

Два дена подоцна беше извршен атентат на железопатната линија на десниот брег на Вардар, кон гевгелиското село Прдејци, каде има и полициска станица. Го извршува четата на Стојан Мандалов. Поточно, самиот тој заедно со еден другар, оди до самата линија, на околу двесте метра од полициската станица. О моментот кога ја поставуваат мината, двајцата биле забележени од дежурниот, кој веднаш, по телефон, бара помош од Гевгелија. Кога возот пристига, мината експлодира, ја разрушува пругата и го оштетува возот. Но, од возот се симнува голема група војници и започнува престрелка. Четата успева да се одалечи. Во месноста “Рудина“ на околу 300 метри од родното село на Стојан Мандалов – с. Стојаково, четата влегува во српска заседа. И тука започнува меѓусебна престрелка, при која паѓаат двајца српски војници. Привлечени од пукотницата, жандармите од Стојаково доаѓаат на местото, предводени од капларот Бранковиќ. Тој и уште еден српски жандарм паѓаат убиени. Пристигаат нови групи жандарми и четата ризикува да биде обградена од сите страни. Во тој миг, младиот војвода дава знак за напад и самиот трга напред. Со бомби, ножеви и громко ура, четата ги разбива србите и кога веќе излегува од обрачот, еден залутан куршум ги пробива јуначките гради на Стојан Мандалов. Раната е многу тешка, но војводата најдува уште сили да се прости од своите другари и да испрати последен поздрав до сите македонски борци и до своите деца. Потоа го вади пиштолот и се самоубива за да не биде на товар на другарите или да не падне жив во рацете на тираните.

Во врска со овие два атентати и престрелките, целиот грчки печат дигна голема врева. Опширно пишуваа весниците “Елефтерон вима“, “Атенаика неа“, “Л’ месаже д’Атен“, “Проиа“. Овој последниов тврдеше дека всушност атентатите се организирани од месните бугари од Гевгелија. Според “Л’месаже д’Атен“ на пругата избувнала и друга пеколна машина на околу петстотини метри далеку од првата; таа направила поголема штета. “Елефтерон вима“ пак вели дека од српска страна паднале неколку души во престрелките. Американската “Асошиејтед прес“ соопштува од Солун, дека серија од бомбашки атентати ја разрушиле линијата на “Симплон ориентот“. Сите весници на оваа агенција ги пренесоа информациите.

Атинскиот весник “Катимерини“ пишува во врска со настаните: Стотици граѓани се арестувани во Гевгелија, но против нив нема никакви докази за соучество во атентатот. Таа вечер биле чуени и истрели од пушка на границата. Се верува дека србите стрелале десет бугарски жители на Гевгелија, кои ги сметале за агенти на Комитетот. Напоменуваме дека таков вид колежи имало и други пати во вакви случаи. Сомнителните лица се водени кон границата и убивани од грб за да може да се каже дека сакале да ја минат границата, со цел да ја дигнат во воздух пругата. По информации на дописникот на “Катимерини“, атентатот во Гевгелија не е дело на комити дојдени од надвор, туку од една група создадена во самиот град, група која се криела во домовите на многубројните “булгарогласни“ во Гевгелија.

Весникот “Слобода или смрт“ број 144 од ноември истата година пишува: Околу половина час пред да се случи атентатот во кафеаната “Ослободување“, влегле двајца посетители, без да го свртат вниманието кон себе си од никој од таму присутните срби. Кај билијардот во кафеаната играат двајца срби, а неколкумина ја следат играта. По масите наоколу заседнале други групи офицери и цивилни срби но сите се занесени во своите игри и разговари, па никој не ги забележува двајцата нови посетители, кои минуваат меѓу масите и седнуваат во еден агол близу до билијардот. Дури ни сопственикот а ни помошникот не ги забележуваат, бидејки се претрупани со работа, макар што новите гости во два наврата бараат да им се донесе кафе. Двајцата нови гости седат на масата во аголот, ги прелистуваат таму најдените весници “Политика“ и “Време“ и по се изгледа дека невниманието на сопственикот и помошникот кон нив не ги навредува многу. По некое време едниот од нив итро вади од пазувите еден поголем пакет, го става на масата и го покрива со весникот “Политика“. Неколку минути покасно, двајцата другари излегуваат од кафеаната – пак без да ги забележи некој…Хотелот и кафеаната “Ослободување“ – тоа гнездо на српските злосторници во Гевгелија, е разорено од пеколна машина со двојна сила, како и од пожарот потоа…

За загинатиот војвода Стојан Мандалов “Слобода или смрт“ напиша: Стојан Мандалов е роден во 1897 година во с. Стојаково. Син е на познатиот стар народен учител и четник Стефан Мандалов, кој загина со пушка в рака на Султан тепе во 1904 година, во борба против тогашните поробители на нашата земја-турците. Стојан Мандалов беше непрекинато на боен пат-од 1914 год. кога зема учество во големата Валандовска акција, па се до 28 спроти 29 септември оваа година, кога си ја најде смртта како вистински херој. Тој учествуваше во последната војна као војник на бугарската армија – во македонската дивизија. Пламен патриот, човек со јуначко срце, по војната тој исцело се предава на македонската револуционерна борба и како четник и војвода броди до последниот си час низ гевгелиско, како и во други околии на поробена Македонија, каде што беше толку популарен и сакан од сите свои несреќни браќа, чии што закрилник беше тој. Во 1923 г. Тој се бори со србите кај селата Смоквица, Радна и Милетково – гевгелиско; потоа преминува во струмичко, каде исто така води борби. Во 1924 г. зема учество во борбите кај с. Смоларе; во 1929 г. Ја напаѓа пругата пак кај с. Прдејци; покасно зема учество во нападите на српските жандармериски пунктови. И се така, додека си ја најде смртта како херој и маченик за правда и слобода. Стојан Мандалов беше вистински патриот, бестрашен во револуционерната борба; познат на сите со својата единствена морална и физичка издржливост – тој и во смртта ни даде на сите редок пример на вистинско херојство“.“

Тоа е сликата на Ванчо Михаилов и печатот за настаните во Гевгелија. Слика дотерана и малку романтична, но сепак достатачно вистинита. Сето ова наспроти тврдата и по малку сурова слика која ни ја предава Крсто Петрушев. Останува сликата да се дополни со некои не баш неважни ситници за кои не знаеме дали и двајцата, веќе покојници ги знаеле. Имено, војводата Стефан Мандалов е ученик на католичката семинарија во с. Зејтинлак, близу до Солун, каде што се стекнува со средно образование и со елементарни фармацевтски знаења. Како таков, тој е соборец на Јане Сандански и еден од учесниците во грабнувањето на Мис Стоун. Легендата вели дека према неговото име е скроен ликот на Манданата од истоимениот филм. Убиецот Ристо Стамковиќ е водач на српска контрачета за борба против четите на ВМРО кои навлегуваат во гевгелискиот регион.

Продолжува…

Последниот атентатор (4)

Последниот атентатор (3)

Последниот атентатор (2)

Последниот атентатор (1)



Слични Објави