Познатите бугарски новинари Милена Милотинова и Александар Марков добија награди за целосен придонес кон бугарското новинарство
Бугарската фондација ,,Димитар Цонев” награди двајца заслужни претставници на бугарската новинарска фела, познатата новинарка Милена Милотинова и нејзиниот колега од Бугарската национална телевизија Александар Марков.
Двајцата наши колеги и големи пријатели на сајтот Трибуна беа наградени за целосен придонес кон бугарското новинарство.

Милена Милотинова е автор на повеќе од десет документарни филмови кои се актуелни и до денешен ден. Во нејзино авторство се филмовите посветени на Бугарите во Македонија и настината македонизација на населението на Пиринска Македонија ,,Само затоа што беа Бугари” и ,, Хроника за едно национално предавство”.
Милотинова се заблагодари за престижната награда и за позитивната оценка на нејзиниот труд. Таа сподели дека за нејзе наградата што го носи името на ,,Димитар Цонев” за неа е многу значајна, бидејќи со нејзиниот колега Митко Цонев поминале низ многу премрежја и се работело многу лесно.
,,Се радувам што живеев во такво бурно време, што ми даде многу, но и јас нему му дадов”, забележа Милотинова и додава дека се радува што се уште ја има шансата да работи телевизиско новинарство.

Новинарот од Бугарската национална телевизија Александар Марков исто така ја доби престижната награда. Марков е првиот бугарски новинар кој информираше за војната во Украина на лице место, а неговите репортажи беа емитувани од 75 светски медиуми.
,,Секогаш треба да бидеш подготвен за тоа што ти претстои”, вели Марков и додава дека токму тоа го научил од Димитар Цонев, кој додека работел, се подготвувал многу внимателно за интервјуата и емисиите што ги водел.
Пред БГНЕС Марков посочи дека главен предизвик пред новинарите денеска е да ја откријат вистината во морето од пропаганди. Според него тоа е особено важно посебно за темите за војната во Украина и РС Македонија.

Тимот на порталот Трибуна им честита на нашите пријатели Милена Милотинова и Александар Марков за добиените награди, им благодари за сета несебична помош од нивна страна за нашиот колектив и им посакува, уште многу успеси на полето на новинарската професија, која тие ја владеат до совршенство.

