Последниот атентатор (2)

/

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев.

Си најдов меѓу моите другари стабилни луѓе и се договоривме да одиме, да бегаме во Бугарија, затоа што татко ми ми расправаше оти во Бугарија е подобро за живеење. Дека сме поблиски со нив отколку со Србите. Плус тоа го прашувам каде се и што се трите граници . Ми расправаше и јас веќе се ориентирав на Беласица. Се договорив со уште двајцата другари: тоа е Борис Лефтеров од Паљурци, населен во Богданци и Миљо Попѓорѓев од Богданци. Неговото семејство беше гркоманско, бидејќи тогаш се делеа на гркомани, помалку србомани, и најмногу бугарофили. Моите другари се согласија со планот за бегство и на ден 21 септември, на денот на Мала Богородица, кога и јас сум роден- можеби тоа и ни била среќата -успешно да избегаме во Бугарија.

Од тука тргнавме кон еден пост, во правец на Паљурци, го викаат Девелеџискиот пост, и од таму отидовме на самата граница и тихо се доближивме до плетот направен од телена мрежа, забесена со тенеќиња. Таман се фативме за плетот, тенеќиите почнаа да тропаат по целата граница. Ние му ја летнавме и се заплетовме во едни телени мрежи од првата светска војна. Додека да излеземе, веќе не осамна. . На грчка територија најдовме еден блиндаш, таму денувавме и чекавме да се стемни. Ја разгледавме границата каква е. Од крајот оди право на југ на Карабалија, па извртува на Владејскиот манастирот го пресечува Дојранското езеро и оди на Беласица, на Тумба. Ние кога се стемни продолживме да одиме на Круша планина. Бевме гладни не зедовме леб, бидејќи ако те фатат жандарите дека носиш леб, тоа значи дека носиш на комитите леб, па затоа не носевме ниту палтенце. Само едни панталони и ткаена долама. Кога стигнавме на Круша планина влеговме во едно лозје секаде заградено со тел. Јас како по смел влегов се напикав низ телната мрежа. Кога, слушнав, пукна една пушка. Не беше ксмет да јадеме грозје. Од таму дојдовме на северната страна на планината. Меѓу Круша и Беласица има едно поленце . Го префрливме полето и се искачивме на Беласица. Не видовме војска. Кога се искачивме на Беласица еден студен ветар.

Во Струмица работев како помошник на Васил Атанасов голем трговец, а брат му Бранко држеше бакалница и ја бев негов помошник. Тој беше болен од туберколоза. И додека јас бев таму, тој само седеше на касата и ги прибираше парите. Јас мерев, јас продавав. Кога ќе дојдеше пазарен ден во Струмица плева беше. Неможеш да довтасаш. Арно ама, Бранко се разболе втората година и го однесоа во Австрија да го лекуваат. Не можеа да го излекуваат, го донесоа мртов. И така кога умре Бранко јас решив да си одам. Брат му Васил Атанасов заедно со нејколкумина големи трговци од Струмица држеа маза. Ми вели седи бре Крсто ќе те направам човек, ама јас жеден за дома, си дојдов.

Кога дојдовме на Беласица, ние мислевме дека границата е иста каква што е тука, оградена со тел, а тоа да ти била само фиктивна граница меѓу Бугарија и Грција. Се чудиме, каде е границата на Бугарија и не знаеме дали сме на грчка, бугарска или српска територија. По едно време скршнавме на лево и излеговме на еден плет, многу здрав и велиме еве ја границата. Арно ама кога размислив подобро, а Борис направи една дупка на границата, го видов струмичкото поле. Им велам, ова е Струмица. Го тегнам назад Бориса и му велам, да се разбереме тоа е Струмица,таму е српско. Ги потегнав двојцата наназад и гледаме на српско-бугарската граница како оди по Беласица.

Анри Пози ја посетил и југословенско-бугарската граница на делот кон Македонија од југословенска страна и еве што пишува: “Пред нас меѓу засушената трева, еден тесен ископ-граничната линија кон Бугарија. Зад ископот кој има 30 сантимерти широчина и 20 длабочина-телените мрежи. Нешто незамисливо… Претставете си еден ѕид, исплетен од тел, висок 1.75 м , дебел два метри чиишто телови се толку густо испреплетени, толку оптегнати со железни колови…што ни куче не може да се провре. На секои два метри по средината на тој ѕид има округли јами, широки еден метар, длабоки два-полумаскирани и прикриени со исушени треви. Во центарот на секоја дупка има железен изострен кол. Никој не може да се провре низ тие телови. Пред шест седмици, близу до Ѓуешево една жена, откако била тепана и силувана, се обидела да помине и умирала во агонија два дена со расчеречен стомак врз еден таков кол.

Им велам гледајте ама незнаеме дали сме во Бугарија или пак Грција. Едно време се симнавме надолу по Беласица и дојдовме до едно село. Влеговме, тргнавме по една патека и гледаме чешма. Дојдоа две деца со обесени торбички, и јас како поголем Бугарин-демек знам бугарски, а јас не знам ништо, им велам, деца од каде сте. Тие само ме гледаат. Имате ли претседател. Ги прашав учите ли ? Тие велат учиме. Кој ви е крал? Тие ме гледаат така, како урочени. По некое време ми велат Цар Борис. Тогаш разбравме дека сме во Бугарија. Прашав каде ви им е претседателот. Тие ме гледаат се така ококорени, не знаат што е тоа претседател. Се сетив, па им велам, каде ви е кметот? Не однесоа во една куќа. Гледаме кладена софра и чинијата ставена. Ние гладни, три дена не сме јаделе ништо. Викавме кмете, кмете. Излезе една жена и ни вели, што барате момчиња? Ние прашавме каде е кметот. Тука е дома. Излезе тој. Од каде идете, не праша. Избегавме од Македонија од Југославија. Од кое место сте? Од Богданци, гевгелиско Добро дојдовте момчиња. Сте се куртулиле. Гладни ли сте? Ајде седете тука на софрата. Гледаме, кокошка готвена со ориз.

Момчиња колку време не сте јаделе? Велиме, три дена. Жено, дигни го јадењето. Таа го однесе јадењето, а ние не знаеме што е работата. Има ли млеко? Има. Донеси им на момчињата по една чаша млеко. Се напивме . И потоа си зборуваме. Ние се чудиме зошто ни го зема јадењето. Затоа што сме гладувале, да не ни стане нешто, ни даде само млеко. Вели, јас како кмет на селото сум должен да ве пријавам на граничниот подучастак. Велиме добро. Отидовме таму. Еден потпоручник не прашува од каде сме. Велам, од Богданци гевгелиско. Јас имам сестра во Гевгелија, вели. Имате ли нешто оружје или ножеви, прашува. Одговараме дека немаме ништо такво. А ние не носевме, зошто ако жандарите не видат, па макар и со нож, сите ќе не утепаат. Гладни ли сте? Велиме да. По една порција пржено месо ни дадоа. Ни дадоа и по еден кревет да се отспиеме. Сега момчиња јас треба да ве носам во Петрич. Ќе ве распрашуваат таму. Треба да кажете што правевтете и како минавте. Ни дадоа еден војник и коњ. По двајца го јававме коњот, се менувавме и стигнавме во Петрич. Додека не распрашаа офицерите какви војски и полиција и оружување има во Гевгелија. Се што знаевме кажавме дека имаат трометни француски пушки. По еден два часа се собраа пред полицијата многи нашо богданчани- Ѓорги Маџирев и др. од Ѓавато, од Стојаково, сите ни даваат пари, цигари. Тука бил за нас животот.

Им вика на офицерите јас гарантирам за момчињата, и ќе ми ги ослободите да ги носам кај мене дома да ми легне на срцето, да ги распрашам нешто. Офицерот му вело дека треба да ги предадеме момчињата на полицијата, од таму ќе си ги земеш. Добро. Не дадоа на полицијата и во истиот момент не ослободија од таму, и не дадоа на Ѓорѓи Маџиров. и му велат ти одговараш за нив. Ти ќе ги пазиш. Добро. Отодовме кај кај Ѓорѓи Маџиров. Ни дадоа вечера и едно време дојдоа многу луѓе. И тамам зедовме да вечераме се случи земјотрес во 1930. И јас бидејќи бев многу пргав прв искочив од Скала две метри висока. Во дворот се наредено тутун на одари, сиот го здробив. Како и да е , се вратиивме да вечеравме и пак дојде милицијада не зема. Маџиров не не дава, вели јас гарантирам. Тогаш полицијата си замина. Каква е оваа полиција се чудиме оти ние знаеме дека полицијата тепа. А оваа не може да му каже ништо на Ѓорѓи Маџиров. Тој не е цар. Ние немавме престава за таква слобода.

Сигурно е дека Крсто Петрушев не знаел за различниот однос кон македонците во кралството Југославија и во царство Бугарија. Разликите се дијаметрални, па уште еднаш ќе се повикаме на Пози: “Жандармите, затворите, брзо стекнатото искуство дека не можат да очекуваат никаква помош, од никаде и од никого ги научила /македонците з.м./ за овие 15 години, да врват по патот кој им го посочиле. Тие виделе како им се наплаќа непокорноста. Станале меки, понизни и послушни. Тие научиле да се смеат низ солзи. Јас ги видов- и споменот за очајното положение во кое попаднал тој, порано горд народ, сеуште ми ја возбудува душата. Тие чекаат…

Прибраните во Бугарија македонци исто така чекаат. Но бидејќи се слободни и затоа што никој и ништо не им се спротиставува, тие во овие 15 години, пламено и упорно се оддале на ослободителното дело. За тоа ги жртвуваат сите сили и средства со кои располагаат. Секој еден од нив, каде и да го поставила случајноста, се приопштил кон некое друштво, дружба, група, определени да го поддржуваат чувството на солидарност и култот, посебно кај младината, кон својата привремено изгубена татковина. Здруженијата на жените македонки, студентското друштво, здружението за потпомагање на старците, сираците, надворешната пропаганда, весниците функционираат.На чело на сите овие, командувајки, централизирајки ги средствата…стои Македонскиот национален комитет. Во темнината, до Националниот комитет, но совршено различна од него и овие дела, групирајки други луѓе, управувани од други водачи, има една организација на која неброени клонови се распростираат надвор од Бугарија, до крајните и најоддалечени македонски земји – ВМРО.“ Ете, таму тргнал нашиот буен и млад Крсто Петрушев.

Продолжува…

Последниот атентатор (1)



Претходна статија

(Галериja/Видео) Заедничка оперативно тактичка вежба на специјалните полициски единици на Бугарија и РС Македонија „Харпун“ 2022 во Охрид

Следна статија

Свети Климент и вербата во Бугарија

Најново од Документите говорат

(Фото) Легендарниот охридски музичар Климент Садилов барал и добил бугарска пензија во 1943 г. како заслужен за ширењето на бугарскиот дух за време на српскиот режим

На 5 март 1943 г. легендарниот охридски музичар Климент Садилов од познатата охридска фамилија Садиловци испраќа