Артан Груби даде поддршка за кампањата на Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор, против домашното насилство
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ја поддржа кампањата против домашното насилство, инициирана од Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор во земјата Ангел Ангелов.
Веста ја соопшти лично Ангелова преку информација објавена на нејзиниот личен профил на социјалната мрежа Facebook.
„За нас е огромна чест и задоволство, што добивме поддршка за кампанијата СТОП на домашното насилство. Животот е МОJ од Артан Груби- прв потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Благодариме!“, пишува Ангелова.
Таа повторно повика сите заедно на плоштадите во населените места во РС Македонија на 12. декември од 12ч да излезат и да дадат поддршка во борбата против семејното насилство.
„Заедно сме посилни!“, порача Ангелова.
