|

Џафери за УСБ-то од Груевски: Тоа е невистина што служи за дневна политика

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се огласи по информациите за наводно УСБ, кое деновиве е тема на престрелки меѓу експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и актуелниот потпретседател на партијата, Александар Николовски.

Џафери ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека експремиерот Никола Груевски нему и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им дал УСБ и плик со документи, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.

На прашањето дали експремиерот Груевски им доставил УСБ и плик на Џафери и на Ахмети, а кои се однесувале на Кривичниот законик, Џафери рече:

„Никаква вистина нема дека претседателот на Собранието од експремиерот примил каков било материјал. Тоа е невистина, која само служи само за дневна политика. Собранието добива материјали од овластени предлагачи во форма што е пропишана со Деловникот. Понатаму, не би сакал да користам несоодветни зборови што ги заслужува таквата инсинуација, но им оставам на совеста на оние што шпекулираат со јавноста“, изјави Џафери.



Слични Објави