Почнува фестивалот на бугарската фолклорна носија во селото Жеравна
Селото Жеравна во источниот дел на Бугариja од денеска до недела ќе ги пречекува гостите на Фестивалот на фолклорната носија. Официјалното отворање е закажано за вечерва во 20 часот, јавува БНР.
Форумот, кој е организиран од ансамблот „Б’лгаре“ и неговиот основач Христо Димитров, има за цел посетителите да се потопат во автентичната атмосфера и да се доближат до начинот на живот на Бугарите од пред речиси 150 години. За таа цел, учесниците облекуваат традиционални носии и се откажуваат од користење на современи уреди.
Програмата на фестивалот е збогатена со музичко-фолклорни настапи и натпреварувачки содржини. Меѓу гостите оваа година се професионалниот фолклорен ансамбл „Странџа“ и прочуените „100 кабагајди“.
За посетителите во петок и сабота е предвидена влезница, додека во недела влезот ќе биде слободен.

