НА ПРАТЕНИЦИ ИМ СЕ ЗАКАНУВА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ АКО ЈА ОТВОРАТ СЕДНИЦАТА ЗА ЈАНЕВА
Извештајот на Советот за јавни обвинители со кој се бара разрешување на Катица Јанева од обвинителската функција во СЈО мора да се разгледува на затворена седница и за тоа нема што да се гласа на комисија, вели пратеникот и потпретседал на Собранието Горан Мисовски, откако Советот и по втор пат се изјасни дека останува на ставот овој извештај да биде доверлив. Седницата на Комисијата за избор и именување е закажана за утре на пладне, а нејзиниот претседател Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара Советот да го деклафисицира извештајот и седницата да биде отворена.
Пратеникот Горан Мисовски вели дека секогаш кога досега во собраниските тела се разгледувале документи и извештаи кои институцијата ги класифицира како доверливи, се разгледувале на затворени седници, јавува Слободен печат.
Целиот напис прочитајте го овде.

