Синоќа во 20.00 ч. во Младинскиот културен центар во Скопје беше отворена групната изложба “Урбани пагани”. На изложбата се изложени 50 дела изработени во најразлични техники: слики, колажи, цртежи, графики, фотографии и склуптури. Изложбата ќе биде отворена до 20 септември.
Свои дела претставија уметниците: Стефани Христов (апликант), Горазд Христов, Игор Љубовчевски – Љубац, Весна Ничевска, Гордана Винчиќ, Пјаф Макс, Дарко Богданов и Смиле Цветановски.

„Вчера вечер на отварањето на изложбата ”Урбани пагани” во МКЦ и универзумот конспирираже за една волшебна ноќ со млада месечина, мистичен галоп на повардарецот и небото со својот необјаснив раскош.
Уште на почетокот најзабележлителна беше големата посетеност и љубопитност кај помладата публика од градот. Дружбата беше прекрасна помеѓу посетителите и авторите на изложените дела. Голема благодарност до Град Скопје, МКЦ и Горјан Ѓоргиев кој несебично се погржи изложбита и проектот да се остварат професионално. Поздрав до сите од учесниците: Весна Ничевска, Горазд Христов, Гордана Винчиќ, Дарко Богданов, Игор Љубовчевски, Смиле Цветановски и Стефани Христов. Како и од гостите учесници: Горан Јованов, Марија Домазетовска (Пјаф Макс) и Татјана Спасовска.
Оние кои не беа во можност да присуствуваат на са самото отварање ќе можат да ја погледнат изложбата се до 20-ти септември“, изјавија за нашиот портал уметниците, Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски – Љубац.