|

На македонско-бугарската историска Комисија идеи и аргументи како да се подобрат учебниците по историја

„Вчера и денес се одржа 23 средба на Комисијата на која се дискутираа прашањата за учебниците по историја во двете држави врз основа на меѓусебно разменетите забелешки. Членовите на Комисијата разменија идеи и аргументи како да се подобрат учебниците по историја и разменија неколку предлог-препораки кои остануваат основа за понатамошни разговори“ информираа од македонското Министерство за надворешни работи.

Оттаму посочуваат дека следната редовна средба на Комисијата ќе се одржи на 30 и 31 март 2023 година.

Слични Објави