ПЕТАР КОЛЕВ: ЕКОНОМИЈАТА ВО ПОРАСТ, РЕГРЕСОТ (К-15) АМНЕСТИРАН ?!

Вести Истакнато Македонија

„Во неколку изјави премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев нѐ убедуваат дека имаме сериозен економски раст. Те бил 2,9 % те 3,8 %. За идната година амбициозно предвидуваат 4 па и 5 % економски раст. 
Ако тоа е така и нашава економија расте, стандардот се покачува, компаниите се во прекрасна кондиција, како одеднаш се појавија толку компании кои се на работ на пропаста или се во загуба и не можат да исплатат К-15 на работниците?

Или некој ги нарушува правилата и крие приходи или економијата ни е во тешка состојба. Некој манипулира со бројките за економски раст или законот важи само на хартија или пак нешто друго е во прашање?!

Во секој случај, ова не звучи логично. Сметам дека соодветните институции ќе си ја завршат својата работа и ќе ја исполнат со содржина и конкретна реализација законската рамка. Се надевам дека Владата не размислува за амнестија и за ова прашање?!“- напиша на својата facebook страна претседателот на Граѓанско демократска унија-ГДУ, Петар Колев.