Со детски рецитал одбележан Денот на народните будители во Скопје
Вечерва во Бугарскиот културен центар со рецитал на дечињата од неделното училиште „Здравеј“ беше одбележан националниот празник на Р. Бугарија „Ден на народните будители“. Настанот беше организиран од директорката на културниот центар Антонија Велева и од бугарската амбасада во Скопје.
Децата од неделното училиште рецитираа песни посветени на бугарските преродбеници, a кратко свечено обраќање одржа и амбасадорот на Р. Бугарија во РС Македонија н.е Ангел Ангелов.
Во склоп на настанот директорката на Бугарскиот културен центар соопшти дека од оваа година се воведува наградата „Будител на годината“. Прв носител на таа награда е раководителката на неделното училиште „Здравеј“, Илијана Атанасова.










