| |

ГДУ: ВАНДАЛИЗАМ ВО КУМАНОВО

Вчера на плоштадот пред културниот дом Трајко Прокопиев во Куманово уште еднаш се случи гнасен вандалски чин- уништување на затворените тезги, поставени за претстојниот празник 8-ми Март. Како долгогодишна традиција на нашиот град секогаш на овој простор има лоцирано продавачи на цвеќе, дребулии, облека, кои и те како се посетени од страна на нашите сограѓани.

Е сега традицијата и сѐ она што е заштитен знак на градот некому му пречи. Не е проблем поединецот, затоа што таквите бргу се решаваат. Проблем е јавното мислење и отсуството на општата култура и осуда кои веќе се исчезнати во нашето модерно општество.

Се отуѓивме едни од други. Се отуѓивме сами од себе. Избришавме сѐ што е човечко и вредно и си поставивме виши (материјални) цели-збогатување по секоја цена, углед и име по лошо поведение, газење на човекот да се дојде до целта.

Многу го сфативме макијавелистички, па ни стана style of living, односно modus operandi на животот. Ние повозрасните се бориме за подобро позиционирање и подобра егзистенција по секоја цена. А децата?
Е нив малку ги заборавивме. Ги оставивме на улицата и на локалните клошари и бараби, како примери, како изгледа некој кој успеал во животот. Пример кој денес го има, утре не (дислоциран во некоја казнено-поправна или психијатриска установа).

Е тоа ни стана животот и на нас и на нашите најмили. И сега ќе ги обвинуваме оние 2-3-ца што го сториле овој чин, а ќе го бришеме својот удел во сето тоа. Е другари така не оди. Дајте да се менуваме самите, а не светот околу нас.

Граѓанско Демократска Унија, како конзервативна партија свртена кон традиционалните вредности на општеството, најстрого го осудува овој чин и бара сторителите да бидат казнети. Правдата да биде задоволена во име на спречување на идни вакви дејствија, во име на генерална превенција. Толку му должиме на нашето КУМАНОВО, се вели во соопштението на локалниот клуб на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ во Куманово.

Слични Објави