| | |

(Галерија) Во Смилево пред споменикот на Дамјан Груев, претставници на КЦ „Иван Михајлов“ го одбележаа 20 јули Илинден по нов стил

По повод празникот Илинден (20 јули), претставници на забранетиот од македонските власти Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола положија свежо цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев во селото Смилево.

Од Културниот центар истакнаа дека Илинден за нив претставува „не само историски датум, туку симбол на слободарскиот дух и културното наследство на Македонските Бугари“.

„На подножјето на величествениот негов споменик во Смилево положивме букет свежо цвеќе во името на „ВМРО – БНД“ и „ВМРО – РИМ“, со длабока почит и верност кон делото на нашите херои! Илинден не е само историски датум – тој е пламен кој не може да се изгаси! Никој не може да ни го одземе правото да ги почитуваме нашите предци, да зборуваме на нашиот јазик, да го носиме нашето име и гордо да кажеме: „Ние сме Бугари од Македонија!“

Денес, кога се обидуваат да ја избришат меморијата, да ја искриват историјата и да го срушат бугарскиот дух – нашето присуство во Смилево е бунт, чест и должност! Ние сме живото продолжение на ВМРО, на Илинден, на идеалот за Слобода и бугарштина!
И нема страв, нема забрана, ниту омраза која може да нè запре!
Поклон пред Илинденците! Поклон пред Дамјан Груев!
Да живее Македонија – Швајцарија на Балканот!
Да живее Бугарија!
Да живее ВМРО!“, стои во објавата на Љупчо Ѓоргиевски, претседател на забранетиот клуб „Иван Михајлов“.

Слични Објави