АФЕРА „ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ФРИЗЕРНИЦА“: ДИМОВА БИЛА ПРЕДУПРЕДЕНА, НО НЕ РЕАГИРАЛА

Државната комисија за спречување на корупција пред неколку дена отвори предмет по анонимна пријава за злоупотреба на средства од фондови од ЕУ од европските програми како Еразмус плус, Еуридика од страна на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.

Порталот „А1он“ објави новинарско истражување во кое беше посочено дека 270.000 евра европски пари преку грантови во изминативе три години му биле доделени на еден фризерски салон од програмата „Еразмус 2“. Станува збор за грантови кои се доделуваат на фирми што не им е едукацијата примерна дејност. Во продолжение на истражувањето вчера беше објавено дека сомнежите за незаконско работење поврзани со првиот проект за кој „В.Е.З. Трејд“ со основна дејсност фризерски услуги чиј сопственик, според податоците од Централен регистар е Зоран Златковски, добитник на грант од Еразмус + насловен како „Едукација за медиумска писменост во дигитално опркружување“. Дополнително во истражувањето се наведува дека до Димова биле испратени дописи во кои учесници од грантот се пожалиле дека откако добиле пари на сметка им било побарано да ги вратат во кеш.

И покрај предупредувањата дека носителот на проектот за ВЕЗ трејд Зоран Златковски барал пари да му се враќаат во кеш, Димова не презела ништо.

Димова преку сопштение објавено на нејзиниот Фејсбук профил ги демантира наводите кои ги оцени како организиран напад и дека клеветите ќе ги докажува на суд.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува заканите со тужба од страна на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност упатени кон онлајн медиумот А1он поради објавување текстови поврзани со ЕУ проекти спроведувани од Агенцијата.

– Заканите за тужби, наместо со поставување аргументи или користење на правото на исправка или одговор претставуваат директен притисок врз работата на медиумите и обид за цензура. Оттаму секој вид на закани и притисоци врз новинари претставуваат загрозување на слободата на информирање и се апсолутно неприфатливи. Во ниту еден момент не треба да се заборави дека улогата на медиумите е да отвараат прашања од јавен интерес и треба да се поттикнуваат темелно и професионално да ги извршуваат своите обврски и навремено да ја информираат јавноста, се вели во реакцијата на Аагенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Оттаму посетуваат и дека медиумските работници треба да се придржуваат до новинарските стандарди, да ги проверуваат информациите пред нивното објавување и да ги земат предвид сите релевантни извори.

Димова за денеска најави коференција за медиумите.