Една година од трагичната автобуска несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица

/

Се навршува една година од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија.

Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца.

На местото на несреќата веднаш се упати и македонска делегација. Тогашниот премиер Зоран Заев ги посети повредени во болницата Пирогов во Софија. Истрагата е сé уште во тек.



Имаше информација дека во багажникот имало туби со нафта, кои придонеле брзо да се шири пожарот, но потоа беше демантирано од страна на компанијата.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Железниците пропаѓаат, а менаџерскиот тим со дебели плати, ја чинат Македонија над 650 илјади евра

Следна статија

Првата група поларни истражувачи од најновата експедиција на Бугарија замина за Антарктикот

Најново од Вести