НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА НОВ ВИД МОРСКИ КОЊЧИЊА

Магазин Разно Свет

Морските биолози соопштија дека откриле нов вид џуџести морски коњчиња. Шарените животинчиња го добиле името Hippocampus japapigu, што во превод од латински значи „јапонска свиња“, соопштува списанието ZooKeys.

Џуџестите коњчиња припаѓаат на семејството морски игли (Syngnathidae), живеат во тропските води на Азија и островите на Океанија. Претставниците на родот не се поголеми од 3 сантиметри, најмалиот измерен меѓу нив е 1,5 сантиметар и се големи мајстори за маскирање. Се хранат со планктон и ситни форми на ракови. Како и кај другите видови, самците ја носат икрата во специјален џеб во стомакот до нејзиното созревање, а потоа ги истуркуваат малдите надвор.

Новиот вид живее на длабочина од 5 до 22 метра во Тихиот океан околу Јапонија. Прв пат се забележани од нуркачи во 2007 година. Научници од Калифорниската академија на науки започнаа проект за нивно набљудување и изучување во 2013-тата. Името на коњчињата им го дале локалните нуркачи, односно ги нарекле „јапонска свиња“ бидејќи им личеле на мали прасенца.