|

Кина и САД продолжуваат со трговските преговори во Сеул

Претставници на Кина и САД оваа недела ќе одржат нова рунда трговски преговори во Сеул, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг ќе престојува во Јужна Кореја од утре до среда, каде ќе разговара со американскиот министер за финансии Скот Бесент за економски и трговски прашања.

Бесент најави дека по средбите во Јапонија и Јужна Кореја ќе му се придружи на американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот со кинескиот претседател Ши Џинпинг во Пекинг.

Трговскиот спор меѓу двете најголеми светски економии минатата година доведе до воведување царини и ограничувања за извозот на клучни суровини, а дел од мерките, вклучително и ограничувањата за ретките метали, сè уште се во сила.



Слични Објави