МИЦКОСКИ ОД ВЕЛГОШТИ: ОВА ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСКИ НАЈГОЛЕМАТА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ
„Сигурен сум во волјата и мотивот на Велгоштани да ја победат најпрво оваа пандемија која што не снајде овие три години, олицетворена во ова раководство на СДСМ предводена од Зоран Заев. А, потоа заеднички да си ја обновиме нашата Македонија, онаа Македонија, онаква каква што сите ние си ја сакаме. Да ја обновиме и онаква да биде каква што ние сонуваме да биде. Затоа 15-ти јули е денот кога јас сум сигурен дека овде во Велгоштани ќе се случи и можеби историски најголемата победа која што некогаш се случила некои избори во изминативе години од независност на нашата Македонија“ – порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на денешната средба со граѓани во охридската населба Велгоштани.