| |

„РЕКЕТ“, БОКИ 13 ГИ ОБЈАСНУВА ФОТОГРАФИИТЕ СО БРЕНДИРАНА ОБЛЕКА

Денеска во кривичниот суд Бојан Јовановски познат како „Боки 13“ ги презентира фотографиите кои ги објавил на социјалната мрежа Инстаграм.

Тој во детали ги опишува фотографиите и кажува од која марка се парчињата облека, наочари, торби, чевли…

Јовановаски кажа дека фотографиите се од 2013 година и за сите наведе дека се одземени од Обвинителството. Во моментов тој сѐ уште ги презентира фотографиите од неговата гардероба.

Претходно, обвинителството во фотографии презентираше одземена гардероба, а обвинителка Вилма Русковска кажа дека се купени со парите од Орце Камчев.

Слични Објави