(ФОТО) МАКЕДОНИЈА ГО ИМА НАЈСТАРИОТ ЖИТЕЛ ВО ЕВРОПА!!!
Македонија го има најстариот жител на Европа!!! Тоа станува јасно од едно Решение за присилна наплата на данок на имот испратено до Антон Ѓорѓиев роден на 3 мај 1905 г. Се би било навистина бомбастично и Македонија би можела да се нареди на листата на земји како Јапонија и области како Нагорно Карабах (познати по своите долголетници), ако самиот г-н Ѓорѓиев не починал пред 20 години. Се разбира фактот што во случајот се работи за одамна починато лице, не е никаков проблем за администрацијата на г-нот Петре Шилегов да му испрати на домашна адреса Решение за наплата на долг. Внукот на г-нот Ѓорѓиев, кој ни ги испрати фотографиите, изрази желба преку нашиот медиум јавно да ги замоли вработените во администрацијата на г-нот Шилегов да прекинат да испраќаат писма упатени до починато лице. Еве ги и самите фотографии: