ЗА КИРАЦ И ЗА ЕДЕН ПАПА ШТО ДОБИЛ „КОРПА“…

Во пресрет на вториот круг од претседателските избори и вториот круг на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село, малерозната коцка се падна кај секретарот на СДСМ, Александар Кирацовски, министерот за економија Крешник Бектеши, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов и Мира Дизел Стојчевска.

Сите тие се најдоа под ударите на ДКСК за вработувањата на свои блиски роднини, пред се со маркетиншка цел, за да покаже премиерот дека ете „маваат со дрвја и камења“ по нивните, за да можат разочараните слободно да гласаат за Стево, Константин и Никола.

За ќерката на Талат нема ништо. Таа милата си е вработена по сите прописи и во нејзиниот случај според Антикорупциска нема непотизам. Дали заради фактот што нејзиниот тетин Нури Бајрами е дел од истата таа Антикорупциска или пак заради тоа што цензусот за вториот круг на претседателските избори „виси“ и командант Форина, од воен дезертер, заменик министер за одбрана, министер за одбрана и спикер на Собранието, може да стане в.д. претседател, не знам. Но во Македонија драги мои, без разлика дали таа е Северна, Јужна, предкантонска или квазиунитарна сѐ е можно.

Кирац реално се жртвуваше за партијата, треба да му се признае. Тројца негови роднини ќе летаат, ама како што може да се види, шваљерките ќе останат на работа. Нека ебе детето и нешто на страна, таман почна од кога СДСМ дојде на власт. Поуката е јасна, ако сакаш да си ја шириш шундата на државно, боље Кирац да ти го начука, него да ти е братучед.

Замислете само каква трагедија ќе беше да му чепнеа на Кирац по најсветото…? Ви текнуе ли на онаа гротеска протестот „Правда за Никола“ организиран од момчето со оболени синуси, што мораa да бидат лечени во Будимпешта кај шефот? Јас лично ќе организирав протест „Правда за Кирац“. Не гарантирам дека ќе дојдеа фацки од владејачката гарнитура, оти сега треба да бидат пониски од тревата, ама гарант ќе се соберевме барем стотина ентузијасти, загрижени за сексуалниот живот на функционерите надвор од брачните пранги.

За крај, брзам да и ставам петка на рачето на македонската „старлета“ Хелена Роза, за прекрасно избраниот тајминг, за обелоденувањето дека го оставила Бранко Црвенковски на „суво“ во екот на неговата политичка кариера. Браво Хелена, арно ти текна да ни се пофалиш, дека си мавнала корпа на еден папа, додека Македонија со трепет и возбуда очекува еден друг, ама од Рим. Извини вака, маркетинг да немаш завршено или се работи за природна дарба?

Сума сумарум испаѓа дека Бранко не ги ебел жената на оној грев стечаецот од клипчињата на Грујо Побегуља и Хелена Роза… за останатите неколку стотици илјади жени во Македонија не знаеме, затоа мажи проверете си.

Автор: Атанас Величков- Батко Тане