| |

ПРИТВОР ЗА ВЕЛЕШАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА СИГУРНОСТА

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот жител на Велес во неколку наврати, преку една социјална мрежа, упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци. Притоа, на 21.06.2019 година и лично отишол во канцеларијата на нотарот и се заканил со нож.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на лицето му определи притвор во траење од 8 дена.



Слични Објави