| |

АНКЕТА НА ТЕЛМА: 45, 5 ПРОЦЕНТИ ОД ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИЗЛЕЗАТ НА ГЛАСАЊЕ

На прашањето „Ќе излезам да гласам на изборите на 15ти јули“, 45,5 отсто од испитаниците одговориле дека целосно се согласуваат и ќе гласаат.

21,4 отсто одговориле дека донекаде се согласуваат а 7 отсто дека донекаде не се согласуваат, станува јасно од анкетата на тв Телма, спроведена од агенцијата „М Проспект“.

Кај 18,3 отсто од испитаниците одговорот е дека тие нема да излезат да гласаат а 7,7 отсто сеуште немаат донесено одлука дали ќе гласаат на предвремените парламентарни избори или не.

49,2 отсто од Македонците и 36,7 отсто од Албанците изјавиле дека ќе излезат да гласаат. Разликата е уште помала кај оние што одлучиле дека нема да гласаат – 17,9 отсто од испитаниците Македонци и 15,9 отсто од испитаниците Албанци.



Слични Објави