ПАЧЕМСКИ ОДГОВОРНОСТ ЗА СТОРИТЕЛОТ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА

„Ја поздравувам брзата и заедничка реакција, како од граѓаните така и од повеќето политички партии, во врска со загадувањето на реката Брегалница на кое бевме сведоци минатиот ден. Само сите заедно со заеднички сили можеме да го изградиме општеството.
Бидејќи реката тече за сите, сите ние треба да реагираме и да ги чуваме богатствата на нашата земја.

Би сакал да ја поздравам и брзата реакција на градоначалникот на Штип, но за да биде реакцијата во целост се надевам дека ќе има и објавување на загадувачот и истиот ќе одговара за стореното. Исто така би сакал да прашам, колку пријави во последните 10 години на територијата на Штип досега се имаат реализирано за големите загадувачи? Каков бил епилогот? Не зборувам за оние кои имаат фрлано лушпи од сончоглед на улица, туку за големите индустриски капацитети!“, се вели во реакцијата на претседателот на локалниот клуб на ГДУ во Штип, Борче Пачемски.