Состојбата со пожарот на границата меѓу Република Северна Македонија и Бугарија се смирува
Состојбата со пожарот во Република Северна Македонија се смирува, информираат од Југозападното државно претпријатие (ЈЗДП) на Бугарија. Шумарите се на лице место и будно ја следат состојбата, истакнуваат од таму, пренесува БТА.
Сигналот за шумски пожар на територијата на Република Северна Македонија, во непосредна близина на границата со Бугарија, е примен на 11 јули околу 20:30 часот во Подрачната служба „Противпожарна безбедност и заштита на населението“во град Петрич.
Вчера околу пладне началникот на Противпожарната служба во Петрич, главен инспектор Стојан Тилев за БТА изјави дека пожарот е локализиран, но поради временските услови и силниот ветер тој повторно се разгорел и во моментов се гаси.
