ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО -„УМЕТНОСТ И ЗАБАВА“

Манифестацијата „Европски денови на културно наследство“ вклучува повеќе од 70 000 културни настани што се организираат во педесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција. Оваа сеевропска иницјатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство прераснаа во најголем европски проект поврзан со наследството, којшто успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните на Европа.

Темата на овогодинешното издание на Европските денови на културното наследство во нашата земја, како и во повеќето европски држави, е „Уметност и забава“. Предвидено е активностите во рамките на манифестацијата во Република Северна Македонија да се организираат во периодот од 23 до 29 септември 2019 г.

Националната галерија годинава ќе земе учество во манифестацијата, преку повеќе активности, со што придонесува кон реализацијата на богатата програма: „На крстопат на културните идеи: Македонија, Балканот, Југоисточна Европа – наследство, менаџмент, ресурси“ (Охрид, 24-26.9.2019), Ликовно-едукативна работилница „Уметнички рефлексии“ (организатор НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, објект Даут-пашин амам, Скопје, 27.9.2019 во 12 часот), изложба „Рефлексии на оп и поп уметноста врз македонските уметници во периодот 1960-90“ (Мала станица, Скопје) и ретроспективна изложба на Реџаи Исени ( Чифте амам, Скопје).

Во текот на траењето на манифестацијата влезот во Националната галерија ќе биде бесплатен за посетителите од 23 до 29 септември, секој ден до 12 часот, а цел ден на 27.9.2019 (петок). Галеријата за посетители е отворена од 10 часот.



Слични Објави