Петар Колев: Ја поздравувам одлуката на градот Скопје да инвестира во еколошки градски транспорт
Претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев преку својот facebook профил ја поздрави одлуката на локалната власт во градот Скопје да инвестира во еколошки градски транспорт. Ви ја пренесуваме пораката на Петар Колев интегрално:
„Можам да го поздравам раководството на градот Скопје за разумното решение да инвестира во еколошки градски транспорт. Пред повеќе од 3 месеци ГДУ предложи неколку мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух во главниот град. Точка 2 од нашиот предлог е инвестиции во еколошки транспорт. Се надевам дека и останатите предлози направени од ГДУ ќе бидат имплементирани. Тоа не е ништо непознато за светот. Така се бореле повеќето членки на ЕУ со овој проблем. Ние просто треба да ги имплементираме тие мерки“.

