| |

KРИВИЧНА ЗА СКОПЈАНЕЦ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ХЕРОИН

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против С.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 02.07.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот на улица „Јајце“ во Скопје. С.К. е приведен и задржан во Полициската станица Бит Пазар. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, мешавина од земја и хероин, мешавина од парацетамол и кофеин и дигитална вага со остатоци од хероин.

Слични Објави