СЈО ЌЕ СЕ ЖАЛИ ЗА ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ЛАТАС

//

Обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство денеска изјави дека Обвинителството ќе поднесе жалба за пресудата, со која што Судот ги ослободи од вина Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои беа обвинети за бесправна градба во случајот „Тревник“.

Во секој случај ќе поднесеме жалба. Тука нема дилема, бидејќи јас стојам на ставот дека обвинението беше издржано, поткрепено со доволно докази и во секој случај жалба ќе следи, истакна Јосифовска.



Претходна статија

KРИВИЧНА ЗА СКОПЈАНЕЦ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ХЕРОИН

Следна статија

КУЧИЊА СКИТНИЦИ ПОВТОРНО НАПАДНАА ВО СКОПЈЕ

Најново од Вести