МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА БУГАРИЈА КАРАКАЧАНОВ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ГРОБОТ НА ПОЛКОВНИК ДРАНГОВ ВО СКОПЈЕ
Министерот за одбрана и заменик премиер на Република Бугарија Красимир Каракачанов се поклони пред вечното почивалиште на големиот бугарски офицер и македонски комита Борис Дрангов во скопските гробишта Бутел.
Каракачанов положи свежо цвеќе во знак на почит кон ликот и делото на Дрангов- еден од најлегендарните учесници во Илинденско-Преображенското востание и командир од времето на Првата светска војна.
Повод за посетата на Каракачанов е денешниот ден, 6 мај Ѓурѓовден којшто во Бугарија се слави како државен празник и е посветен на бугарската армија.

