СТЕВО ДОЧЕКА, А ДАЛИ НИЕ ЌЕ ЈА ДОЧЕКАМЕ МЕТЛАТА НА ЗАЕВ?
Во Влада уште не можат да се договорат дали утре е неработен ден или не е, а не па метла да ги мете…
Поминаа изборите, Стево доби, Гога МКД не се чувствува поразена, а Чичо само што искочи од домашен. Сума сумарум ни фалеше само скандалот меѓу Авалон и оние дечкине од Дупер што ја измаршираа тапанарката за денот да биде полн со дешавки. Леле ќе заборавев имаме уште една добра вест, но овој пат од меѓународната сцена: Дон Силвио Берлускони искочи од болница и ќе си тера предизборна кампања во изборите за европарламентот.
Кога кон сето тоа ќе го додадам и Кирац, кој слави за резултатите од синоќа сув клит нема да остане.
Заев денеска рече дека ќе имало промени во Владата и во СДСМ. Си замина министерот за култура Адеми. Рада остана, не за друго, туку за да има кој да ги прима донациите од чизми за нашите војници, па да можат тие подновени да трчаат кон НАТО. Да не се лажеме Рада гром не ја бие, таа си има педигре, а башка нема за што да ја чепнат, таа не вработи никој близок роднина. Ваљда се курчи и не збори со фамилијата.
Стево од вториот пат успеа да стане претседник државе. Си дочека човекот, браво за него, туку дали ние ќе ја дочекаме метлата на Заев? Јас не верувам дека ќе бидат изметени битни фацки. Ќе го јадат типчиња ко синчето на Мира и слични родени за трол појави. Народот ќе се спрдачи, Заев ќе држи говори во стилот „кога ќе пораснам сакам да бидам Бојко“ и сите ќе бидат задоволни. Сите што се уште не се евакуирани од овде, бидејќи документите за бугарски пасоши им се на дополнителна проверка, а останатите или веќе се надвор или пак кркаат чорби за пеевче.
Страшно е нели? Е па страшно е, ама не се плашете Мијалков само што искочи од куќен притвор, нема место за паника.
Автор: Атанас Величков-Батко Тане