ВИСТИНАТА ЌЕ ГИ НАПРАВИ ПОДОСТОЈНИ МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Пишува: Георги Пашкулев, главен уредник на БГНЕС

loading...

Во обид да го спасат невозможното, разно разни „патриоти“ во РС Македонија се натпреваруваат во прокламирањето на секакви апсурдни тези.

Сакајќи да го запрат распадот на наметнатиот по 1945 г. „југословенски ѕид“ (според зборовите на Зоран Заев) меѓу Бугарија и РС Македонија, без никаква перспектива лажат и шират омраза меѓу своите сограѓани.

Многу скоро, ќе треба да тие истите да се исправат и да признаат: Никој во Софија ниту го негира, а уште помалку сака да ни го украде македонскиот идентитет.

Тоа е жестоката вистина, којашто порано или подоцна ќе треба да ја изустат на висок глас.

Во последните 48 часа старата пропагандистичко-полициска машина на „Длабоката држава“ (според зборовите на Љубчо Георгиевски) ги искористи своите последни офицери: коалициониот партнер на Зоран Заев и еден од најголемите поддржувачи на српските проекти Павле Трајанов, кој јавно се спротивстави на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, посебно за точката за нашата заедничка историја. Неколку часа по ова на практика антидржавно и противуставно однесување (Договорот од 1 август 2017 г е меѓународен и според Уставот на РСМ истиот треба да се исполнува) на предна линија се појави и „научникот“ Владо Поповски со смешното тврдење дека македонскиот народ има заедничка историја со Бугарите, колку што има заедничка историја со Турците, Византиијците, Србите итн.

Подобро е да молчите „професоре“. Во ниту еден византиски, османлиски или српски документ населението на Македонија не се нарекува по друг начин, освен како бугарско. Не доаѓајте во Софија, г-не Поповски. Останете во Скопје и прашајте го професор Драѓи Ѓорѓиев. Прочитајте ги документите од Архивот во Скопје и самиот ќе се убедите во тоа.

Во однос на Србите, сетете се на одлуката на Општинскиот совет на Белград од пред 6 години, кога беше сменето името на булеварот „Гоце Делчев“, бидејќи Делчев бил „бугарски револуционер, кој нема никакви заслуги кон Србија“.


loading...

Во истото време еден друг „стратег“ (таква е неговата официјална должност) го истакна најчеличниот факт за тоа дека Делчев бил Македонец. Тој самиот побарал да биде закопан во слободна Македонија.

Нека стратегот познат по своите братски односи со српски дипломати и припадници на поранешните југословенски служби (според негови зборови), ни ја растолкува желбата на познатиот ирски новинар и кореспондент на „Тајмс“, Џејмс Баучер, којшто ја опишува драмата на Бугарите за време на османлиското ропство.

Баучер сакал да биде закопан во близина на Рилскиот манастир, нешто што се случило во 1920 г. Како да го нарекуваме него денеска? Бугарин, Македонец? Најдобро е да ја кажеме вистината. Баучер бил голем ирски новинар!

За да биде сликата целосна треба да го спомнеме и еден претставник од албанскиот коалиционен партнер на Зоран Заев, кој со последни сили, како министер, ги кочи „сите бугарски инвестиции, бидејќи така велат српските генерали“.

Омразата и фалсификувањето одат рака за рака кај секој лажен патриот. Ќарот е за нив, а страдањето е за народот.

Г-да македонски политичари, вистината ќе ве ослободи и ќе ве претвори во подостојни Македонци. Но тоа секако не ви дава право да си поигрувате со етничката припадност на починатите.