| |

(Видео) Пред 184 години е роден Васил Левски-Апостолот на слободата

Бугарија и сите Бугари денеска одбележуваат 184 години од раѓањето на Васил Левски. Во многу градови во земјата, датумот 18 јули ќе биде свечено прославен, но кулминацијата е во родниот град на Апостолот на слободата – Карлово.

Васил Иванов Кунчев, наречен Левски (18 јули 1837 г.-18 февруари 1873 г. ) е идеолог, стратег и теоретичар на бугарската национална револуција. Левски е национален хероj за Бугарите и често е нарекуван „Апостолот на слободата“. Опеан е во народни песни во Бугарија, и во мала мера во некои делови од Македонија. Познатиот револуционер и научник Коста Црнушанов од Прилеп, објавува во капиталното дело  „БЪЛГАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОТ МАКЕДОНИЯ“ издадено во Софија во 1989 г., песна за Васил Левски пеена во Тиквешијата.

Слични Објави