(Фото) Зошто Александар Ранковиќ е отстранет од врвот на југословенските служби за безбедност?

/

Пишува: д-р Спас Ташев

Во некои кругови сè уште постои мислењето дека социјализмот во Југославија бил со човечки лик. Всушност, во однос на процентот на репресирано население, Тито и Сталин се наоѓаат во „мртва трка“. По смената на Александар Ранковиќ од функциите министер за внатрешни работи и шеф на УДБА, единствената разлика во следните години (1970-тите и 1980-тите) била можноста што им била дадена на југословенските граѓани да патуваат и да работат во странство. Сепак, репресивната политика не завршила, факт што доведе и до крвавото распаѓање на Југославија.
На крајот на краиштата, зошто Ранковиќ беше отстранет на пленумот од 1966 година во Бриони? На странците им беше кажано дека ова е во врска со „демократизацијата“. Сепак, ова не е точно. Излегуваат податоци дека во 1964 година, вториот човек во Југославија, подготвуван да го замени Тито, бил осуден во Германија за воени злосторства. Германскиот врховен суд во Карлсруе ја потврдува пресудата дека Ранковиќ бил одговорен за масакрот врз 100.000 германски воени затвореници (биле закопувани до вратот во земја, а главите им биле сечени со лопати), како и убиството на 200.000 етнички Германци, југословенски државјани. За да не се најде во меѓународна изолација, Тито е принуден да го отстрани својот заменик Ранковиќ. Сè друго е прашина во очите…



Претходна статија

(Видео) Пред 184 години е роден Васил Левски-Апостолот на слободата

Следна статија

МОН: Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма

Најново од Истакнато