Новата грчка олигархија

//

Необичната сторија на грчко-рускиот тутунски магнат покажува колку Грција, во време на криза, почнува да личи на постсоветската олигархија. Иван Игнатиевич Савидис имал многу необични улоги во животот -тој е еден од најголемите тутунски магнати во Евроазија, член е на руската Дума, лице од доверба на Владимир Путин. Савидис е лидер на грчката олигархиска сцена. Од почетокот на економската криза, тој има стекнато огромен имот во Солун, вториот по големина град во Грција и морската врата на Балканот. Брзата распродажба на стари државни средства, препорачана од Европската унија како дел од мерките за штедење, му обезбедува на Савидис ретка можност да инвестира стотици милиони евра во татковината на своите предци. Фудбалски тим, голем луксузен хотел, тутунски конгломерат, компанија за флаширање на вода, морски одморалишта, телевизија, три весници, големи делови од крајбрежјето, недвижен имот во Солун,

Солунското пристаниште и неговите индустриски магацини – се само дел од имотот кој Савидис го стекна во последните осум години. Ова покренува голем број сериозни прашања, како на пример како бизнисмен кој „тежи“ 760 милиони долари инвестира речиси половината од тој износ во Грција за помалку од една деценија? Постојат шпекулации дека Иван Савидис е диригентот на интересите на Путин во Егејското Море. Речиси сите трансакции и јавни иницијативи на Савидис во Грција се чини дека служат на Москва. Неговите односи со десноцентристичката партија Нова демократија – бракот на неговата внука со генералениот секретар на партијата, настројувањето на различните кланови во партијата еден против друг и сл, се чини дека се обид да се сее поделба во оваа проевропска партија.

Стекнувањето на Солунското пристаниште изгледа е чекор, насочен кон спречувањето на пристапот на поморските сили на НАТО во внатрешноста на Балканот – регион во кој се соочуваат руските и американските сфери на влијание. Овие тврдења можат да се шпекулативни, да се производ истовремено на геополитички заговори и руската параноја и, конечно, да бидат измама, но, во секој случај напредокот на Иван Савидис ја покажува непријатната вистина за сегашниот курс на грчката држава.

Роден во Грузија, се збогатил во Русија, Савидис е олицетворението на отстапувањето на Грција од вредностите на држава од западноевропски тип. Од почетокот на политиката на штедење, политичкиот и економскиот систем на Грција се повеќе даваат пат на мрежа од регионални мафијашки фигури, како најблиската паралела може да се направи во случајот со Украина или Молдавија. Оваа нова жетва на  олигарсите го користи економскиот пад на Грција, за да ги преземе сите сектори на економијата,  од аеродроми и коцкарници , до енергетски комунални услуги. Потоа тие (олигарсите) ќе го претвораат овој плен во политичко влијание преку купувањето грчки медиуми. Заедно, овие нови олигарси успеаја да ја распределат осакатената грчка држава меѓу себе. Така тие покажаа колку се несмасни обидите на Брисел за создавање на заедничка надворешна политика, поткопани од програмите за монетарни стимули.



Савидис не е како олигарсите што ги познава Грција. Типичниот грчки олигарх не е случајна личност. Неговото семејство е богато или располага со пари од државната каса. Тој наследува бродови и инвестира сосема малку во Грција. Грчкиот олигарх игра и во двата краја на политичкиот спектар итро и опортунистички. Тој е ориентиран кон запад. Савидис е нешто друго, тој е “непознатото лице”. Пред една деценија речиси никој во Грција не го слушнал неговото име. Тој нема бродови, го создава своето богатство надвор од Грција и сега го инвестира во земјата во несоодветен момент. Политички не реагира, не вложува напори да го „добие“ раководството на Нова демократија – партијата која многумина очекуваат да дојде на власт во Грција следната година. Савидис и’ е верен на екстремната левичарска влада, кој дојде на власт со ветувањето дека ќе ја спречи „наездата“ на таквите фигури, но наместо тоа им даде нови можности за да напредуваат.

За премиерот Алексис Ципрас, Савидис е “еден од нашите”. Во едно интервју, Савидис го спореди Ципрас со Путин. Тој го предупреди Киријакос Мицотакис, водачот на Нова демократија и политичкиот противник на Ципрас, дека никогаш нема да стане премиер. Што ќе се случи со Савидис кога Сириза ја снема? Некои веруваат дека Нова демократија ќе биде принудена да се спротивстави на тоа идно „исчезнување“. Нова демократија ќе биде принудена да му биде домаќин, на Савидис, исто како и на секој друг олигарх. Брисел ќе продолжи да врши притисок за немилосрдна приватизација на средствата, што ќе им овозможи на олигарсите како Савидис тивко да ја освојат државата.

Пишува: Александар Клап „The American interest“

Претходна статија

На денешен ден Бугарија ја призна независноста на Р. Македонија

Следна статија

Папата Франциск се плаши од нуклеарна војна

Најново од Анализи & Коментари