Бугарија најави визи за дигитални номади
Бугарија најавува нова виза за дигитални номади, која ќе им овозможи на граѓани од земји надвор од ЕУ, ЕЕП и Швајцарија да живеат и работат на далечина од бугарска територија. Визата ќе важи една година, со можност за продолжување уште една, ако кандидатот прикаже доказ за годишен приход од најмалку 55.000 лева (околу 28.000 евра), јавуваат бугарските медиуми.
Со оваа дозвола, номадите ќе можат да изнајмуваат недвижнина на долг рок, да отворат банкарски сметки и да инвестираат, но нема да имаат право да работат за бугарски работодавач. Издавањето на визите треба да започне кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година.
Очекувањата се дека најмалку 2.000 номади годишно ќе донесат над 30 милиони лева во бугарската економија, ќе придонесат за регионалниот развој и ќе ја промовираат земјата на глобално ниво.

