ВМРО-ДПМНЕ: И ЦЕЛАТА ЕСТРАДА ДА ЈА ДОНЕСЕТЕ, НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГИ ПРЕКРИЕТЕ ПРЕДАВСТВАТА
Почитувани сограѓани,
На лагите и манипулациите на СДСМ им нема крај.
Македонија не доби ниту препораката за ЕУ, ниту безусловна препорака за НАТО. Но, и покрај ова, и покрај депресијата која што владее, поразите, криминалите, како и коруптивните скандали на дневна основа, владата на СДСМ одлучи да троши народни пари организирајќи скапи еуфорични прослави, за да се претстават лошите предавнички политики како победи.
Почитувани Социјалдемократи,
Моралот и одговорноста одамна исчезна од вашите глави.
Се лажете ако мислите дека народот пак ќе ви поверува.
Овој пат сте прочитани, граѓаните се мудри и можат да проценат што е вистина, а што лага.
Господа од власта,
И цела естрада да ја донесете, и сите пари на свет да ги потрошите нема да можете да ги прекриете предавставата, гневот и револтот на народот, нерасчистените убиства како и сиромаштијата која што владее.

