| |

ВМРО-ДПМНЕ: МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ВО НЕДЕЛА ВО 13 ЧАСОТ НА ПРОТЕСТЕН МАРШ ВО КАВАДАРЦИ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Зоран Јованчев, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

Почитувани кавадарчани,

Република Македонија е заробена од Зоран Заев и неговиот криминален картел на власт. Државата со Заев го достигна дното на секое поле. Економијата тоне, земјоделието е на колена, здравството и образованието колабираат, безбедносниот систем е целосно разнишан, а Заев ја понижува државата како на домашен така и на меѓународен план, а македонскиот идендитет доведен во прашање.

Заев за една година успеа да уништи се што се градело со векови. Тој бесрамно потпиша договор за промена на уставното име на Република Македонија а со истиот успеа трајно да ги загрози македонските национални и државните интереси.

Наместо живот кој што го ветуваше, наместо зголемени субвенции за земјоделците, младинска гаранција за младите, плати од 500 евра, зголемен животен стандард за граѓаните, проекти, реформи и реализација на ветеното, Заев донесе чемер и јад.

Владата на СДСМ е ненадомеслива штета за кавадарчани, затоа мора да замине. Заев ниту знае ниту умее да работи. Заев не води грижа за потребите на граѓаните, а тие тоа го чувствуваат на своја кожа, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави