Италија подготвува нова воена помош за Киев, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана
Италија го финализира дванаесеттиот пакет воена помош за Украина, кој вклучува муниција и ракети Samp-T за противвоздушна одбрана, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Американската агенција Блумберг потсетува дека Италија веќе испратила 11 други пакети воена помош со вкупна вредност меѓу 2,5 и 3 милијарди американски долари и неодамна изразила подготвеност да учествува во механизмот на НАТО за набавка на американско оружје со европски средства.
Пакетот може да биде подготвен до крајот на годината, појаснуваат изворите.

