|

Банско по 10-ти пат ја освои наградата World Ski Awards 2022 година

Банско по 10-ти пат ја доби наградата World Ski Awards 2022 година, објави Иван Обрејков, маркетинг менаџер на концесионерот “Јулен” АД. Одморалиштето е прогласено за најдобар ски-центар во Бугарија и еден од најдобрите во Европа.  

Останатите номинирани беа Пампорово, Боровец и Витоша. Рангирањето се спроведува со анонимно гласање на веб-страницата на светската организација.

Светските ски награди се единствената глобална иницијатива која ги препознава и објавува победниците за реални достигнувања во скијачкиот туризам во секоја од 25-те најдобри светски ски-туристички нации. Од 2013-та година World Ski Awards имаат цел да ја промовираат и поттикнуваат скијачката индустрија ширум светот како дел од организацијата World Travel Awards.

Гласањето за наградата се одвива онлајн на веб-страницата на WSA. Право на глас имаат професионалците кои работат во скијачката индустрија, како и корисниците на скијачки услуги.

Скијачкиот туризам е витален сегмент на глобалниот пазар за патувања и туризам. Секоја година има приближно 400 милиони посети на скијачиво повеќе од 2.500 скијачки центри кои се дом на над 6 милиони хотелски кревети.



Слични Објави