САД се збунети од изборот на Ислам Абази-Потрошивме милиони долари за обука на обвинители

/

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, остро го критикува изборот на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, објави „360 степени“. Како што се вели во нивниот текст, редакцијата испратила идентични прашања до Амбасадите на САД, ЕУ и Холандија за изборот на Ислам Абази за прв човек на ГОКК, а од американската амбасада стигнал одговор во кој амбасадорката изразува отворено незадоволство.

-Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’ треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните“, одговори амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на прашањето на „360 степени“.





Претходна статија

Каевски: Мицкоски добил над 50.000 евра народни пари за помалку од две години

Следна статија

Банско по 10-ти пат ја освои наградата World Ski Awards 2022 година

Најново од Вести