| |

Документарниот филм ,,Тане војводата” – претендент за големата награда на овогодинешниот фестивал ,,Златен ритон”

На 13-ти декември во Пловдив се отвора 28-то издание на фестивалот за бугарско документарно кино и анимација ,,Златен ритон”. Еден од најинтересните филмови во овогодинешната селекција е ,,Тане војводата” режиран од Иван Узунов од Пловдив. Лентата раскажува за војводата од Хасково и од Македоно-одринското рецолуционерно дружење Тане Николов. Речиси четврт век тој води борби во Македонија, Тракија и Поморието, јавува на својот Facebook профил познатата бугарска новинарка и општественичка Даниела Горчева.

Филмот може да се види во салонот на Lucky дом во Пловдив на 18-ти декември од 12 часот.

Во 1907 година, Тане предводел неколку обединети чети во планината Бабуна, во Македонија, со вкупен број од 250 луѓе против неколку илјаден турски аскер во битката на планината Ножот и Попадијските чукари. Ова е најголемата битка на револуционерното движење во Македонија и Одринско по Илинденско-Преображенското востание.

Во војните за национално обединување учествувал и Тане Војвода, а по завршувањето на Првата светска војна застанал на чело на Внатрешната тракиска револуционерна организација чија цел била да го спречи окупирањето на Беломорска Тракија од страна Грција.

Во 1924 година, по речиси четврт век на боиштата, Тане Николов се повлекол од активната револуционерна дејност.
Се населил во Асеновград и станал столб на локалното општество. Кон крајот на животот речиси целиот свој имот го подарил на сиропиталиштето во градот. Крајот на животот на војводата за жал е крајно тажен. Во 1947 година во полициската станица во Асеновград 73-годишниот Тане Николов, бил убиен, а неговото име било оцрнето од комунистичките власти.

Филмот „Тане војводата“ е снимен во рок од само 9 месеци, при што екипата успеала да посети 35 локалитети во Бугарија, Северна Македонија и Грција. Гледачите можат да уживаат и во речиси 300 обновени фотографии од тој период. Според режисерот Иван Узунов, ова е иновативен концепт во бугарската документарна кинематографија. Иван заедно со неговиот брат Димитар го напишал сценариото. Операторот е Георги Шемов.

Половина од музиката во филмот е создадена од младиот композитор Ивајло Костадинов, дипломец на Академијата за музика, танц и визуелни уметности „Проф. Асен Дијамандиев“ – Пловдив. Наратор на 100-минутниот филм е добро познатиот Светозар Кокаланов.
Импресивна е одлуката на авторите да му дадат слободен пристап на филмот веднаш по неговото прво емитување на Бугарската национална телевизија. И покрај тоа што продукцијата не користела државна помош, а најмногу се користени лични средства, авторите одлучија дека така филмот полесно ќе стигне до секој Бугарин.



Слични Објави