БУГАРИЈА ДОНИРАШЕ 15 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ГОРСКАТА СЛУЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ

Генералниот конзул на Бугарија во Битола Димитар Иванов денеска од името на Mинистерстото за надворешни работи од Бугарија потпиша договор со Горската служба за спасување. Бугарската држава преку Програмата за помош и развој ќе обезбеди 15,500 евра, за службата.

loading...

„Дејноста на здружението е многу хумана. Тие се занимаваат со спасување на човечки животи во екстремни услови.Многу често поради природни катастрофи, индустриски хаварии, пожари и други случаи потребно е брзо да се дејствува. И со овие средства што ги одделуваме за овој проект ќе бидат купени технички средства за да може брзо да се интервенира во определени услови и на тешко достапни места. Станува збор за моторна санка и за АТВ мотор со гасеници. Исто така ќе бидат купени и специфични материјали кои се користат од страна на спасувачите, како на пример јажиња, кациги, и друго и се надеваме на овај начин да му помогнеме на здружението и ако се случи некогаш некаков инцидент да можат брзо да делуваат во спасување на луѓето. Ова е прилично ново здружение но имаат доста големо искуство, тие учествуваат во спасувањето на луѓе за време на земјотресот во Албанија, а и тука имаат учествувано многу пати во такви ситуации“, изјави генералниот конзул на Бугарија во Битола Димитар Иванов во прилог на локалната тв куќа Тера.

Од Горска служба се заблагодарија за донацијата.



„Овај договор значи многу за службата, ова ни е прв ваков договор во толкав обем. Ќе набавиме опрема за спасување во планински услови која ни е неопходна во моментот“, вели Томе Ристев од Горската служба за спаување.

loading...

Генерниот конзул додаде дека ова не се последните проекти од бугарската држава, најави дека и во иднина ќе продолжат да одвојуваат средства за развој на државата.