| |

Бугарското МНР ја поздрави Ратификацијата на Договорот за пријателство

Бугарското Министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката на македонското Собрание да го ратификува  Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Во соопштението од бугарското МНР се констатира дека со овој Договор се реафирмира волјата за градење добрососедски односи, но е и пример за регионот.

Република Бугарија ќе продолжи да биде активна во нејзината поддршка за европската интеграција на Република Македонија. Ова е стратешки избор на нашата земја, поткрепен со приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ“, пишува во соопштението од бугарското МНР… (Прочитајте го целиот напис овде)

Слични Објави