СРЕДБА НА ЗМНР ЖЕРНОВСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА РЕПУБЛИКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, КАРЛО РОМЕО

//

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италијанската Република во Република Македонија, Карло Ромео.

На средбата беше нагласено задоволството од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Италијанската Република, со нагласок на заемните напори за натамошно зацврстување на пријателските врски.

ЗМНР Жерновски ги поздрави континуираните заложби на Италија за внесување нова динамика во процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, заблагодарувајќи се за принципиелната поддршка од официјален Рим за европската перспектива на нашата земја.

Амбасадорот Ромео порача дека Италија останува силен поддржувач на евро-атлантскиот интегративен пат на Република Македонија, притоа посакувајќи му на заменик-министерот Жерновски успех во извршувањето на функцијата.



На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на економските релации меѓу двете земји, како и за мултилатералната соработка.

Претходна статија

НИКОС КОЅИЈАС: ДОБИВАМ СМРТНИ ЗАКАНИ, КУРШУМИ И ПАКЕТИ СО КРВ

Следна статија

ШЕКЕРИНСКА: НИКОЈ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ НЕ ПРЕДЛОЖИЛ ГРАДЕЊЕ НА БЕГАЛСКИ КАМПОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести